Глава на пенис

(Пренасочено од Глава (пенис))

Глава на пенис или гланс — чувствителна главеста структура на крајниот дел од пенисот. Анатомски, главата е хомологна на главата на дразницаот кај жената. Обично, главата е покриена, целосно ило делумно, со кожа, освен кај мажите кои се обрежани. Кожата од главата на пенисот може да се повлече и врати наназад. Поимот гланс потекнува од латинскиот збор glans (желад).

Глава на пенис
Дорзален поглед кон главата.
Вентрален поглед кон главата
Податоци
Артеријауретрална артерија
Назнаки
ЛатинскиGlans penis
TAA09.4.01.007
FMAFMA:18247
Машка анатомија
Назнаки
TAA09.4.01.007
FMAFMA:18247

Анатомија

уреди

Главата на пенисот е изразена главеста формација на спонгиозниот сноп (corpus spongiosum) на округлиот крај на кавернозниот сноп (corpora cavernosa penis). На врвот на главата се наоѓа долгнавестиот, вертикално поставен, надворешен отвор на мочниот канал. Работ на основата на главата формира округла граница, круна на пенис, која потоа продолжува во жлеб и се дели главата од вратот (телото) на пенисот. Пропорционалната големина на главата на пенисот може да варира. Кај некои главата е значително поголема во обем одошто по оска, па така главата наликува на печурка. Кај други пак, таа е потесна.

Кожичката на пенисот ја одржива препуциската слузница (внатрешниот дел на кожичката на пенисот) влажна.[1] Кај мажите кои биле обрежани, главата е постојано изложена и сува. Сабо и Шорт дошле до сознание дека главата на обрежаниот пенис не развива дебел кератинизациски слој.[2] Неколку испитувања дошле до сознание дека подеднакво се осетливи и обрежаниот и необрежаниот пенис,[3][4][5][6] но други тврдат дека поосетливи се тие кои не се обрежани.[7][8]

Халата и Спете (1997) изјавиле дека „главата на пенисот содржи доминантно слободни нервни завршетоци, бројни генитални кројзерови зрнца и поретко пачинови и руфиниеви зрнца. Нема присуство на меркелови нервни завршетоци и мејнерови зрнца“.[9]

Медицински аспекти

уреди

Надворешниот отвор на мочниот канал се наоѓа на врвот на главата на пенисот. Главата на пенисот е заштитена од кожа, која кај обрежани мажи не е присутна. Така, кожата не ја заштитува препуциската слузница (внатрешниот дел од кожичката на пенисот) и кај обрежаните деца кои носат пелени има поголема опасност од загнојување или стеноза.[10]

Епителното ткиво на главата на пенисот е слузничаво ткиво.[9] Бирли тврди дека претеранот миење со сапун може да ја суши слузницата и може да настане дерматитис.[11]

Воспалението на главата на пенисот е познато како баланитис. Ова се појавува кај 3 до 11% од мажите и кај 35% од дијабетичарите-мажи. Едвардс тврди дека општо гледано тоа е позачестено кај мажи кои одржуваат слаба хигиена или тие кои не биле обрежани.[12] Тоа е како последица од различни причини, меѓу кои иритација или инфекција од различни патогени. Внимателна идентификација на причината, како и биопсија, брисови, испитувања и историјата на болестите на пациентот, се неопходни за соодветен третман.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Prakash, Satya; Raghuram Rao, K. Venkatesan & S. Ramakrishnan (July 1982). „Sub-Preputial Wetness--Its Nature“. Annals of National Medical Science (India). 18 (3): 109–112.
  2. Szabo, Robert; Roger V. Short (June 2000). „How does male circumcision protect against HIV infection?“. British Medical Journal. 320 (7249): 1592–4. doi:10.1136/bmj.320.7249.1592. PMC 1127372. PMID 10845974. Посетено на 2006-07-07.
  3. Masters, William H; Virginia E. Johnson (1966). Human Sexual Response. Boston: Little, Brown & Co. стр. 189–91. ISBN 0-316-54987-8. (excerpt accessible here [1])
  4. Bleustein, Clifford B; James D. Fogarty, Haftan Eckholdt, Joseph C. Arezzo and Arnold Melman (April 2005). „Effect of neonatal circumcision on penile neurologic sensation“. Urology. 65 (4): 773–7. doi:10.1016/j.urology.2004 ноември 007 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 15833526.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Bleustein, Clifford B; Haftan Eckholdt, Joseph C. Arezzo and Arnold Melman (May 1, 2003). „Effects of Circumcision on Male Penile Sensitivity“. American Urological Association 98th Annual Meeting. Chicago, Illinois.
  6. Payne, Kimberley; Thaler, Lea; Kukkonen, Tuuli; Carrier, Serge; and Binik, Yitzchak (May 2007). „Sensation and Sexual Arousal in Circumcised and Uncircumcised Men“. Journal of sexual medicine. 4 (3): 667–674. doi:10.1111/j.1743-6109.2007.00471.x. PMID 17419812. Архивирано од изворникот на 2019-09-27. Посетено на 2014-04-06.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  7. Sorrells, Morris L.; Snyder, James L.; Reiss, Mark D.; Eden, Christopher; Milos, Marilyn F.; Wilcox, Norma; Van Howe, Robert S. (April 2007). „Fine-touch pressure thresholds in the adult penis“. British Journal of Urology International. 99 (4): 864–869. doi:10.1111/j.1464-410X.2006.06685.x. PMID 17378847.[мртва врска]
  8. Yang, DM; Lin H, Zhang B, Guo W (April 2008). „Circumcision affects glans penis vibration perception threshold“. Zhonghua Nan Ke Xue. 14 (4): 328–330. PMID 18481425.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. 9,0 9,1 Halata, Zdenek; A. Spaethe (1997). „Sensory innervation of the human penis“. Advances in experimental medicine and biology. Advances in Experimental Medicine and Biology. 424: 265–6. doi:10.1007/978-1-4615-5913-9_48. ISBN 978-0-306-45696-1. PMID 9361804. Посетено на 2006-07-07.
  10. Freud, Paul (August 1947). „The ulcerated urethral meatus in male children“. The Journal of Pediatrics. 31 (2): 131–41. doi:10.1016/S0022-3476(47)80098-8. PMID 20256409. Посетено на 2006-07-07.
  11. Birley, H. D; M .M. Walker, G. A. Luzzi, R. Bell, D. Taylor-Robinson, M. Byrne & A. M. Renton (October 1993). „Clinical features and management of recurrent balanitis; association with atopy and genital washing“. Genitourinary Medicine. 69 (5): 400–3. PMC 1195128. PMID 8244363. Архивирано од изворникот на 2012-06-18. Посетено на 2014-04-06.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. 12,0 12,1 Edwards, Sarah (June 1996). „Balanitis and balanoposthitis: a review“. Genitourinary Medicine. 72 (3): 155–9. PMC 1195642. PMID 8707315. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 2014-04-06.