Обрежување (циркумцизија), или почесто машко обрежување — оперативен зафат со кој се отстранува кожичката која го покрива врвот на пенисот. Повеќето педијатриски здруженија, вклучувајќи ја и Американската педијатриска академија, не препорачуваат рутинско обрежување. Нивната препорака е одлуката за обрежување да се препушти на родителите. Следните причини може да влијаат на одлуката за обрежување:

  • Религиозни причини: во некои религии обрежувањето се практикува ритуално. На пример, кај евреите и муслиманите.
  • Социјални причини: некои родители се плашат дека на нивниот син ќе му се потсмеваат, ако не е обрежан.
  • Културни причини: обрежувањето е прифатено во некои култури. Некои родители се одлучуваат за обрежување бидејќи и другите машки членови на семејството се обрежани.
  • Медицински причини: во некои ситуации кои ги одредува докторот, обрежувањето е корисно во медицинска смисла (на пример, ако детето има фимоза и уринарни инфекции).
Машко обрежување
Нож за обрежување од Конго, крај на 19 почеток на 20 век

Која е користа од обрежувањето?

уреди
 
Обрежувањето на Исус Христос, слика од Лудовико Мазолино

Во врска со ова прашање, се цитираат следните потенцијални користи:

  • Помал ризик за инфекции на мочните канали.
  • Помал ризик за редок облик на рак на пенисот.
  • Нешто помал ризик за добивање на сексуално преносливи болести (СПБ).
  • Полесно се одржува хигиена на пенисот.
  • Помал ризик за карцином на грлото на матката кај партнерките на обрежаните мажи.

Кои се ризиците при обрежувањето?

уреди

Заради следните причини родителите не се одлучуваат за обрежување на своето бебе:

  • Било која хируршка интервенција, вклучувајќи ја и обрежувањето, е поврзана со одреден ризик, иако мал. Може да се јави крварење, инфекција, лошо зараснување на раната или кожичката може да се пресече предолго или прекратко.
  • По хируршката интервенција, можно е врвот на пенисот да биде повеќе изложен на иритација. Ова може да предизивка проблеми во мокрењето и евентуално, потреба од нова хируршка интервенција.
  • Некои родители веруваат дека со обрежувањето се менува природната состојба на телото на детето, и сметаат дека е подобро самото дете да одлучи кога ќе порасне.

Кога не треба да се прави обрежување

уреди
  • Кај деца со хипоспадија — аномалија кај која урината не излегува од врвот на пенисот. Кожичката треба да се сочува, можеби ќе потреба подоцна за хируршката операција со која ќе се обезбеди нормален изглед на пенисот.
  • Обрежувањето не треба да се прави кај недоносено бебе, или ако постои семејна историја за проблем со крварење (на пример хемофилија).
  • Обрежувањето не треба да се прави ако докторот или оној којшто ја прави нема потребно искуство.