Георги Димитров Лазаров Сучев (27 октомври 1928 во Белица (Пиринско), Струмјани (општина), Пиринска Македонија23 март 1948во Белица (Пиринско), Струмјани (општина), Пиринска Македонија) — припадник на македонското национално движење, револуционер и борец за македонската национална кауза во Бугарија.[1]

Георги Сучев
Роден 27 октомври, 1928 година
Белица (Пиринско), Струмјани (општина), Пиринскиот дел на Македонија
Починал 23 март, 1948 година
Белица (Пиринско), Струмјани (општина), Пиринскиот дел на Македонија
Се самоубил на 19 години, за да не падне во раце на бугарската полиција.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Завршил гимназија во Свети Врач (денес познат како Сандански). Георги бил пример за Македонец со силно изразена национална самосвест. Станал припадник на четата под водство на Герасим Тодоров додека бил малолетен. Тој се манифестира како еден од нејзините најревносни борци, бескомпромисен кон комунистите и воопшто државата Бугарија.[1] Неговиот соборец и познаник Крум Монев, го опишал како предвремено остарен, а сепак млад човек. Неговите сфаќања и начин на размислување - биле доста зрели како кај старец, а не како шеснаесетгодишно момче. Сучев имал ретки ментални способности за неговата возраст, со што се сложувале и многу други револуционери од четата на Герасим. Георги добро ја познавал историјата на Македонија и македонското прашање. Важел за многу храбар и жесток борец за идејата за која се борел.[1][2]

„Јас не дојдов тука да се борам за величието на Бугарија и на Бугарите, јас сум тргнал да умрам за мојата мајка Македонија! Не ја фрлив ученичката чанта и го грабнав карабинот, раницата и патроните заради Бугарија, не страдам сега заради славата на Бугарија, ами само за Македонија! - Георги Сучев[1][2][3]

Герасим Тодоров, во својата чета примил неколку неколку пребегнати од фашистичката војска  на Бугарија кои учествувале и во окупацијата на Македонија, со што Георги отворено и храбро му се спортиставил, дека премногу лесно и без да ги провери ги прима во редовите на неговата чета.[4] Самиот Крум Монев, не можел да верува на своите уши со каква жестокост, го бранел македонското прашање, кон својот водач на чета (Герасим Тодоров), искажувајќи му тешки зборови дека оваа чета не треба ништо да има нити со Бугарија нити со Бугарите, туку само единствена цел слобода на Македонија. Дека тие бугарски фашисти се исто што биле и врховистите во минатото. Тој му поставил јасен ултиматум на Герасим:[1]

Овие турко-татари нека разберат нешто од нашата трагедија, нека чувствуваат на свој грб нешто од она што Македонија го носеше на своите плеќи со векови! Разбери ме добро: Не можам повеќе да ги гледам и не можам да ги поднесам - ми се гади од нив! Или тие или јас! ...

—Георги Сучев

Разделување од четата и неговата смрт

уреди

По оваа распарвија со четата, тој се разделил од групата на Герасим, кој го убедувал дека Бугарите, не се дел од четата туку ќе ја напуштат штом најдат погоден момент. Гимназијалецот Георги-Гошката Сучев од Горна Белица стасал до родното село и цела седмица бил криен од едно турско семејство. Меѓутоа, бил предаден кога се преместил кај своите роднини. Кога дознал за предавството го извадил пиштолот и си стрелал во главата. По својот живот посегнал и Петар Грков - Пецето од селото Брежани, откако сфатил дека нема никакви шанси да се спаси од полицијата. Александар Султов, Веселин Михајлов и Марко Ангов своите животи ги завршиле на поинаков начин. Ги предал Тома Маникатов од селото Плоски, по што биле живи изгорени во месноста Шарена Скала во Плошката Планина.[1][5]

Во неговото родно место Белица, денес познато како Илинденци, е поставен споменик во негова чест.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Стојков, Стојко (2014). ТАБУ:Време на страх и страдание (PDF). Благоевград: ДРУЖЕСТВО НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ В БЪЛГАРИЯ. стр. 83–87.
  2. 2,0 2,1 Монев, Крум. Македонија - мојата потпора (PDF). Ирин Пирин. стр. 99.
  3. „Патриотизмот на Македонците од Бугарија врз основа на спомени и документи“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2021-05-02.
  4. Stoykov, Stoyko (2016). „СУДИР НА КОНЦЕПЦИИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ НА СТРАНИТЕ НА ВЕСНИК ПИРИНСКО ДЕЛО (1945 – 1947)“. ГЛАСНИК (англиски). ИНИ: 244.
  5. „Utrinski Vesnik“. www.utrinski.com.mk.
  6. foster (2011-11-09). „Паметник на горянин в с. Илинденци“. Dnevnik (бугарски).

Надворешни врски

уреди