Гдовски Кремљ
Гдовски Кремљ (руски: Гдовский кремль) е средновековна тврдина (кремљ) изградена кон средината на 14 век. Се наоѓа во градот Гдов, на бреговите на реката Гдовка, во западен дел на Гдовскиот реон на Псковската област (на запад од европскиот дел на Руска Федерација).
Во времето на своето постоење, Гдовскиот Кремљ бил една од најважните тврдини на брегот на езерото Пеипси, на границата на Републиката Новгород и Ливонија, и на важен трговски пат што водел од север кон градот Псков.
Иако падот на тврдината започнал кон средината XVIII век, тврдината претрпела најголемо уништување во февруари 1944 за време на повлекувањето на германските окупациски трупи од градот. До денес се зачувани остатоците од југозападниот, југоисточниот и североисточниот sидини, земјените насипи на местата на уништените кули и портите високи од 4 до 6 метри.
Историјат
уредиГрадот Гдов настанал како гранично утврдување на Псковското кнежевство на север, и се споменува за прв пат во пишани извори во летописи од 1323 година. Бидејќи првичното утврдување, кое било изградено од дрво и земја, не претставувало сериозна пречка за германските освојувачи од север и запад, а во 1431 година започнала изградбата на каменот кремљ.[1] Изградбата траела три години, а првобитните ѕидини биле високи 8 метри и дебели до 4 метри.[2][3] Во март во 1480 година војниците на Ливонскиот ред ја нападнале целата област околу Гдов, го запалија градот и безуспешно го опсадија самиот Кремлин. Во текот на XVII век тврдината беше цел на напади на полските, шведските и литванските војски, и во тој период претрпе значителна штета и голем пожар што избувна во ѕидините на тврдината во 1686 година, тоа дополнително ја влошило работата.[4] На крајот на векот, тврдината го изгубила своето стратешко значење.
Во 1706 година за време на неговата посета на Гдов, императорот Петар Велики наредил реконструкција и дополнително утврдување на тврдината, а во тој период ѕидовите биле дополнително зајакнати со слоеви земја. Меѓутоа, бидејќи утврдувањето не било од стратешко значење, неговото распаѓање продолжило, а каменот од ѕидовите бил користен како градежен материјал за други градби. Иако царицата Катерина Велика за време на нејзиниот краток престој во Гдов во 1781 година таа сакала да ја врати тврдината во живот и да ја направи уште посилна, тоа никогаш не се случило.
Германските окупаторски сили во февруари во 1944 година, при повлекувањето од Гдов, ја минирале внатрешноста на Кремљ и целосно го уништиле. Само надворешните sидови го преживеале минирањето.[5]
Беше изградена потполно нова црква на темелите на поранешната катедрала Свети Димитриј Солунски (изградена во периодот 1520-1530), која беше минирана за време на Втората светска војна. Црквата била изградена во периодот 1989-1993 година, а при нејзината изградба бил користен методот карактеристичен за средниот век. Тоа беше првата православна црква изградена во регионот Псков по Октомвриската револуција од 1917 година. Храмот е посветен на „Чудесната икона на Мајката Божја Владетелка“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kostochkin, V.V. (1962). Русское оборонное зодчество конца XIII - начала XVI веков (руски). Академија наука Русије. стр. 45.
- ↑ „Гдовская крепость“ (руски). mypskov.info. 25. 12. 2006. Посетено на 22. 3. 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)[мртва врска][мртва врска] - ↑ Kostochkin, V.V. (1962). Русское оборонное зодчество конца XIII - начала XVI веков (руски). Russian Academy of Sciences. стр. 191.
- ↑ „Гдов“ (руски). borovaya52.narod.ru. Посетено на 27. 3. 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Гдовский маршрут: от древности до наших дней“ (руски). Pskovskaya Pravda. 16. 11. 2006. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 27. 3. 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
Литература
уреди- Kostochkin, V.V. (1962). Русское оборонное зодчество конца XIII - начала XVI веков (руски). Академија наука Русије. стр. 45.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уреди- Гдовская крепость Архивирано на 17 февруари 2020 г.