Гаојао
Гаојао (кинески: 高要; пинјин: Gāoyào; кантонски јитпинг: Gou1-jiu3) — подрачје на градот Џаоќинг во западниот дел на покраината Гуангдунг, Кина. Населението брои 753.120 жители (2010).
Гаојао 高要区 | |
---|---|
околија | |
Местоположба на Гаојао (црвено) во рамките на градот Џаоќинг и покраината Гуангдунг | |
Местоположба во Гуангдунг | |
Координати: 23°02′N 112°27′E / 23.033° СГШ; 112.450° ИГД | |
Земја | Кина |
Покраина | Гуангдунг |
Окружен град | Џаоќинг |
Час. појас | кинески стандарден (UTC+8) |
Name
уредиИмето буквално значи „висока желба“ — поранешно име на клисурата Лингјенг на реката Си. Порано ова име го носела околната месност, а подоцна и управното седиште на подрачјето.
Географија
уредиГеојао лежи на јужниот брег на реката Си, спроти централниот дел на Џаоќинг. Обете се оддалечени околу 100 км од покраинската престолнина Гуангџоу.
Историја
уредиЗа време на династиите Ќин и Хан (III в. п.н.е. - III век н.е.) Гаојао бил свој округ и местото било управен центар на подрачјето. За време на династијата Суеј (VI - VII в.), управата е преместена отаде реката, во околијата Дуенџоу, и подоцна преименувана во Џаоќинг за време на династијата Сунг (X - XIII век). Гаојао продолжил да опстанува како посебен округ во состав на заповедништвото на Џаоќинг.[1] Во 1993 г. е унапреден окружен град, а потоа во градско подрачје на Џаоќинг.
Знаменитости
уредиГаојао има неколку знаменитости од кои се Црвениот достојнички дом, павилјонот Сјуегунг како и три различни пагоди.
Галерија
уредиУправа
уредиВо Гаојао спаѓаат една подоколија и неколку гратчиња:
Разно
уреди- Гаојао е во тесна географска и културна врска со соседната околија Дуенџоу на градот Џаоќинг. Овие две градски подрачја се поврзани со два патни и еден железнички мост.
- Многу мештани на Гаојао денес се во дијаспората, особено во Сиднеј, Австралија.[2]
Наводи
уреди- ↑ Bolton & al. (1941), стр. 262.
- ↑ Heritage Council of NSW: Yiu Ming Temple
- Bolton, Kingsley; и др. (1941). „Triad Societies, Vol. 5“. Abingdon: Routledge., препеч. 2000.
Надворешни врски
уреди„Гаојао“ на Ризницата ? |
- Околиски портал на Гаојао Архивирано на 6 мај 2010 г.