Околии во Кина
Околија (кинески: 县, пинјин: xiàn, мак. тр. сјен), служб. околиска единица — третостепена административна единица во рамките на покраините и автономните региони на Кина, и второстепена единица кај централно управуваните градови и Хајнан, (каде се нарекува „околиски степен“); тука се опфатени автономните околии, околиски градови, бајраците, автономните бајраци и градските подрачја. Во континентална Кина денес постојат 1.464 околии, од вкупно 2.862 единици од околиски степен.
Околија служб. Околиска единица | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески назив | |||||||
Упростено | 县级行政区 | ||||||
Традиционално | 縣級行政區 | ||||||
| |||||||
друг кинески назив | |||||||
Упростено | 县 | ||||||
Традиционално | 縣 | ||||||
| |||||||
Корејски назив | |||||||
Хангул | ㅗㅗㅎㅗ누 뭄 모ㅜ ㅛㅂ슞ㅎㅎ | ||||||
Тибетски назив | |||||||
Тибетски | རྫོང་ (порано: 宗 на кинески) | ||||||
| |||||||
Ујгурски назив | |||||||
Ујгурски | ناھىيە | ||||||
Џуаншки назив | |||||||
џуаншки | Hen |
Историја
уредиОколиите постојат уште од периодот на завојуваните држави (V до III в. п.н.е.) и биле спроведени на државно ниво со создавањето на обединетата кинеска држава од династијата Ќин по завршетокот на овој период.[1][2] Со текот на времето нивниот број постепено растел. Царот-обединител Ќин Ше Хуанг воспоставил околу 1.000 околии. Под власт на источната династија Хан, бројот надминал илјада. Династијата Суеј имала околу 1400, добиени со укинувањето на надединицата заповедништва (郡, ѓуен), од кои некои станале околии. Денешниот број на околии е сличен на оној при крајот на династијата Ќинг. Промената во местоположбата и називите на околиите низ кинеската историја е важно поле на истражување во полето на историската географија, одобено од 60-тите и 80-тите години на XX век.
Во царска Кина, околијата имала големо значење како најсновна единица на државната бирократија. Поситните единици биле вон делокругот на власта, туку се раководеле по неформален небирократски пат, во зависност од владејачката династија. На чело на околијата стоел управник кој ги возглавувал месната извршна власт и правосудството.
Автономни околии
уредиAutonomous counties (自治县, пинјин: zìzhìxiàn, мак. тр. ѕеџесјан) are a special class of counties in континентална кина reserved for неханските народности. Autonomous counties are found all over China, and are given, by law, more legislative power than regular counties.
Во континентална Кина има 117 автономни околии.
Управа
уредиСекој степен на административната управа има месен комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК). Во случај на околијата, тој се нарекува околиски комитет на КПК (中共县委) на чие чело стои околиски секретар (中共县委书记) како највисок функционер во околијата. Политиката се спроведува преку претставништвото на државната управа во околијата, кое го возглавува околискиот управник (县长). Управникот често е еден од замениците-секретари во комитетот на КПК.
Наводи
уреди- ↑ Hsu, Cho-yun (2012) [2006]. China: A New Cultural History. Преведено од Baker, Timothy D., Jr.; Duke, Michael S. Columbia University Press. стр. 102. ISBN 9780231159203.
- ↑ Goodman, David S.G., уред. (2015). Handbook of the Politics of China. Edward Elgar Publishing Limited. стр. 159. ISBN 9781782544364.