Габриел Стибелмакедонски кинолошки судија и одгледувач на кучиња, тв водител, и урбан пејсажист.

Габриел Стибел
Роден 26 ноември 1972(1972-11-26)(51 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец, Словенец
Занимање тв водител, кинолошки судија

Ран живот и образование уреди

Габриел Стибел е роден 26 ноември 1972 година во Скопје тој има словенечко потекло по неговиот татко Алојзиј Стибел и македонско потекло по неговата мајка Софијанка Стибел. Неговиот дедо Јосип Стибел од Словенија се доселил во Вардарскиот дел на Македонија во 1935 година.

Основно училиште завршил во ОУ „Јосип Броз Тито“ во населбата Влае. Стибел средно образование го започнал во Средното училиште „Јосип Броз Тито“, но продолжнил и завршил во Средното машинско училиште „Гоце Делчев“ во Скопје.                 

Кариера уреди

Изработка на фонтани                уреди

Уште од најраната младост почнал да работи со својот татко во претпријатието за изработка на фонтани „Алојз Фонтани“ која ја основале во 1991 година. На саемската изложба во Германија во градот Минхен во 1999 година, татко му и Габриел добиле престижна Награда за најеколошко дело. Со текот на годините уредиле многу саемски штандови кои ги добиле највисоките награди за најубаво уредени штандови. Во 2000 година во чест на Алојз и Габриел Стибел, бил снимен документарниот филм „Камен“ во продукција на МРТ каде е и емитуван повеќе пати. Во 2006 година, во Културно информативен центар за прв пат е организирана изложба на „Алојз Фонтани“ каде биле прикажани повеќе од 30 дела на Алојз и Габриел Стибел. Оваа изложба била проследена од повеќе медиуми и важи за една од најпосетените изложби во 2006 година. Габриел изработил минијатурна фонтана, која Католичката црква од Скопје во 2014 година ја подарила на папата Франциск.[1]                                           

Телевизија                       уреди

Вдахнат од работата во градините каде што изработил многу фонтани Габриел Стибел во 2009 година создал телевизиска емисија „Гарден Клуб Градини“ каде тој е автор и водител. Гарден Клуб Градини е емитувана 15 сезони (согласно 2023 година) на ТВ Телма и е единствена емисија намента за уредување на градини во овој дел од Европа.[1]                                   

Кинологија                 уреди

Љубовта кон животните посебно кон кучињата го следела Габриел Стибел уште од најраното детство па така тој на 19 години започнал да одгледува кучиња од расата германски овчар и регистрирал своја одгледувачница под името „Piccolo Party“ и успешно одгледува кучиња од расата германски овчар кои победувале на многу национални меѓународни и специјализирани изложби. Во 2004 година положил испит за кинолошки судија во Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија за расата германски овчар и со тоа се стекнал со титулата „Судија специјалист за раса германски овчар“. Во 2007 година го основал Македонскиот клуб за германски овчари (МКГО) кој во 2011 година успеал да го зачлени во Светскиот сојуз на клубови за германски овчари (ССКГО/WUSV). Габриел Стибел го судел првото државно првенство на Македонија  за расата германски овчар и еден од најзаслужните за унапредување на оваа раса во Македонија. Во 2012 година бил избран за генерален секретар на Кинолошкиот сојуз на Р Македонија (КСМ ). Во 2018 година го судел Светското Првенство за расата шарпланинец кое важи за најпосетено првенство за оваа раса. Габриел Стибел во временскиот период од 2004 до 2023 година ги положил испитите за сите признаени раси на кучиња од страна на Меѓународната кинолошка федерација кои се распоредени во 10 групи или 375 раси се стекнал со титулата „Сестран судија на МКФ“ односно станал меѓународен кинолошки судија. Габриел Стибел судел национални меѓународни и специјализирани изложби на кучиња во повеќе држави на неколку континенти меѓу кои Европа, Азија, Јужна Америка и Африка. Учествувал во промоцијата и унапредувањето на расата т.н. македонско овчарско куче караман и важи за еден од најголемите подржувачи за создавање на оваа раса. Судел три државни првенства за Карамани. Габриел Стибел бил во организација на повеќе од 150 кинолошки манифестации како национални меѓународни и специјализирани изложби. Габриел Стибел има одржано повеќе предавања на теми од кинологијата предавања за судење на изложби и организација на изложби. Од 2020 година Габриел е водител на родовната книга на педигрирани кучиња при Кинолошкиот Сојуз на Р Македонија. Повеќе пати е наградуван од страна на КСМ и кинолошките друштва и клубови при КСМ.[1] Во 2023 година, Стибел помагал во развивањето на кинологија во Уганда. Истата година, тој судел престижни изложби во Индија и во Алора, Австралија.

Пура култура уреди

Како страствен уживател на пури, тој започнал со собирање пури. Учествувал односно се натпреварувал во квалификациите за Светското првенство на пушење пури (ЦСВЦ) неколку години. Потоа се стекнал со звањето „Судија на натпревари за споро пушење пури“.[2][3][4] Стибел е првиот човек после првиот судија Марко Билиќ кој е основач насамото Светско првенство на пушење пури. Со тоа, Стибел е првиот независен судија кој воопшто судел на едно државно првенство. Организирал настани на темата поврзана со пура културата, односно правилно и џентлменско конзумирање пури.

Признанија уреди

  • Хедонист на годината 2019 - награда за прв пат доделена, на настанот организиран од страна на Friday Communications и gentlmenanmagazine.mk.[1][5][6]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Пакашки, Јасмина (2022). „Интервју со Габриел Стибел, меѓународен судија за кучиња и за бавно пушење пури: Хедонизмот е филозофија, не е порок“. slobodenpecat.mk. Архивирано од изворникот на 8 декември 2022. Посетено на 28 декември 2023.
  2. Лунд, Сајмон (27 мај 2022). „THE CSWC IN NORTH MACEDONIA“. cigarjournal.com. Архивирано од изворникот на 29 мај 2022. Посетено на 28 декември 2023.
  3. „GREAT RESULTS FROM THE FIRST CSWC QUALIFIER FOR BALKAN REGION“. cswcnews.com. Архивирано од изворникот на 28 декември 2023. Посетено на 28 декември 2023.
  4. „CSWC Judge Association“. мај 2021. Архивирано од изворникот на 28 декември 2023. Посетено на 28 декември 2023.
  5. „Победници 2019 година“. menoftheyear.mk. Архивирано од изворникот на 18 октомври 2021. Посетено на 28 декември 2023.
  6. „Хедонист на годината во Македонија е Габриел Стибел“. faktor.mk. 18 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 28 декември 2023. Посетено на 28 декември 2023.

Надворешни врски уреди