ГП Западна Франција 2011
(Пренасочено од ГП Уест-Франција 2011)
ГП Западна Франција 2011 — 75. издание на ГП Западна Франција, еднодневна велосипедска трка. Се одржала на 28 август 2011 година, со поминато растојание од 248,3 километри, почнувајќи и завршувајќи во Плуе, Франција. Тоа бил 23. настан од оваа сезона во Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2011, трка 23 од 27 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 28 август 2011 | ||
Растојание | 248,3 км | ||
Време | 6ч 32' 40" (23,57 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Грега Боле (Словенија) | (Лампре-ИСД) | |
Втор | Сајмон Геранс (Австралија) | (Тим Скај) | |
Трет | Тома Веклер (Франција) | (Тим Јуропкар) | |
Грега Боле, словенечкиот друмски првак, кој вози за екипата Лампре-ИСД, ја однел победата по нападот во завршните 2 километри на трката и успеал да ја сочува својата предност.[1] Боле бил дел од бегството напред, составено од 8 возачи,[2] и го држел на страна Сајмон Геранс – победник на трката во 2009 – кој го освоил второто место за Тим Скај, додека другиот претходен победник на трката, Тома Веклер – победник во 2007 – го заокружил подиумот за Тим Јуропкар.[3]
Резултати
уредиМесто | Велосипедист | Екипа | Време | Светска турнеја на UCI Бодови[4] |
---|---|---|---|---|
1 | Грега Боле (СЛО) | Лампре-ИСД | 6h 32' 40" | 80 |
2 | Сајмон Геранс (АВС) | Тим Скај | и.в. | 60 |
3 | Тома Веклер (ФРА) | Тим Јуропкар | и.в. | – |
4 | Тор Хушовд (НОР) | Гармин-Сервело | и.в. | 40 |
5 | Џакомо Ницоло (ИТА) | Леопард Трек | и.в. | 30 |
6 | Арно Жерар (ФРА) | ФДЖ | и.в. | – |
7 | Хосе Хоакин Рохас (ШПА) | Мовистар Тим | и.в. | 14 |
8 | Фумијуки Бепу (ЈАП) | Тим РадиоШек | и.в. | 10 |
9 | Жилјен Симон (ФРА) | Сор-Сожасен | и.в. | – |
10 | Јоан Офредо (ФРА) | ФДЖ | и.в. | – |
Наводи
уреди- ↑ Тарнер, Џонатан (28 август 2011). „Боле успеа на полињата во Плуе“. Sky Sports. BSkyB. Посетено на 29 август 2011.
- ↑ „Боле го освои ГП Западна Франција“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. 28 август 2011. Посетено на 29 август 2011.
- ↑ 3,0 3,1 „Боле спринташе до победата во Плуе“. Cycling News. Future Publishing Limited. 28 август 2011. Посетено на 29 август 2011.
- ↑ „Бодовна скала – UCI Светска турнеја“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-07-12. Посетено на 29 август 2011.