Генетски изменет организам

(Пренасочено од ГИО)

Генетски изменет организам (ГИО) или генетски изменет организам (ГМО) — организам чиј генетски материјал е изменет со помош на користење на техника на генетско инженерство.[1][2][3] Организми кои биле генетски изменети вклучуваат микро-организми како што се бактерии, квасци, инсекти, растенија, риби и цицачи. Генетски изменетите организми се извор на генетски изменетата храна.

Природен изглед на риба без генетско инженерство
Лабораториски глувци со изменети гени

Производство

уреди

Генетската промена означува додавање или бришење на гени од ДНК. Ако се додаваат гени од други видови, се работи за хоризонтален пренос на податоци. Во природата ова се јавува кога една страна на ДНК ќе влезе во станица од било која причина. Денеска се користат софистицирани методи и во растенијате ДНК често се пренесува преку пат на бактерии, посебно „Agrobacterium“, а на животните по пат на вируси, на пример „Lentivirus“.

Развој

уреди

Основен принцип на производството на ГМО е додавање нов генетски материјал во генот на организмот, ова го нарекуваме генетско инженерство. Се користи во праксата од 1973 година од откривање на ДНК и создавање на првата рекомбинантна бактерија, односно постоечка бактерија „Escherichia coli“ која го произведувала генот салмонела. На конференција во Асилмар во 1975 година почнала дискусија за опасностите поврзани со генетското инѓенерство, а главниот заклучок бил дека користењето на оваа технологија треба да се контролира од страна на државата сè до моментот кога со сигурност ќе се знае дека е безопасна.

Херберт Бојер ја основал првата фирма, која ја користела технологија на рекомбинирана ДНК под името „Genetech“ и во 1978 година го приозвеле видот „Escherichia coli“ која ја произведувала човечката белковина инсулин. Ова многу им помогнало на заболените од дијабетес.

Комерцијален развој на генетските измени

уреди
  • 1983 година - одгледување генетски изменетет тутун кој е отпорен на антибиотик;
  • 1985 година - први генетски изменети растенија отпорни на инсекти, вируси и бактерии одгледување „ex vitro“;
  • 1990 година - прв успешен „ex vitro“ (генетски изменет памук);
  • 1994 година - Flavr - Savr домати прва генетски изменета храна одобрена од страна на ФДА;
  • 1995 година - комерцијализирани растенија отпорни на хербициди и инсекти;
  • 1997 година - генетски изменета пченка одобрена од страна на Европската Унија.

Употреба

уреди

ГМО се користи во биолошки и медицински истражувања, производство на лекови, експериментална медицина и во земјоделството. Контроверзна, но широко прифатена е употребата на ГМО технологијата како право на патентите на родот на храната кои се отпорни на комерцијални хербициди и/или создаваат пестицид внатре во самата растение. Најголем дел на ГМО посеви во светот е во сопственост на американската корпорација Монсанто.

Според ISAAA, во 2010 година околу 15 милиони земјоделци одгледувале ГМО култура во 29 земји. 90% од нив се наоѓаат во посиромашните земји во развој како што се: Индија, Кина, Филипини, Јужноафриканска Република. Глобалната комерцијална вредност на ГМО културата во 2008 година е проценета на 130 билиони американски долари. Во САД околу 81-86% е застапена пченката, 88-90% од сите сои и 81-93% памук култури кај кои е користена ГМО технологијата.

И покрај тоа што постои широк научен консензус дека ГМО не носи поголем ризик од другите методи на генетска измена, користењето на ГМО предизвикува многу контроверзи во јавноста. Противниците тврдат дека не е пожелно да се менува биолошките процеси кои природно еволуирале во текот на еден долг период, а некои нагласуваат дека модерната наука не може во потполност да ги сфати потенцијалните негативни влијанија од овие промени.

Други во ова гледаат природен развој на човечка тенденција да создаде култура со непожелни одлики, а во последните години се појавуваат тврдења дека ГМО производите предизвикуваат рак[4], стерилитет[5] и цела низа други негативни последици на човечкиот организам. Овие тврдења не се научно докажани.

Наводи

уреди
  1. Johnston SA, Tang DC (1994). „Gene gun transfection of animal cells and genetic immunization“. Methods in Cell Biology. 43. Pt A: 353–365. OCLC 31189762. PMID 7823871.
  2. Lee LY, Gelvin SB (2008). „T-DNA binary vectors and systems“. Plant Physiol. 146 (2): 325–332. doi:10.1104/pp.107.113001. OCLC 1642351. PMC 2245830. PMID 18250230.
  3. Park F (2007). „Lentiviral vectors: are they the future of animal transgenesis?“. Physiol. Genomics. 31 (2): 159–173. doi:10.1152/physiolgenomics.00069.2007. OCLC 37367250. PMID 17684037. Архивирано од изворникот на 2009-06-10. Посетено на 2013-06-18.
  4. French GMO Research Finds Monsanto Corn Causes Cancer: America Should Pay Attention[мртва врска] (англиски)
  5. Russian Biologists: GMO foods cause sterility in third generation Архивирано на 16 ноември 2012 г. (англиски)