Вујадин Савиќ

Српски фудбалер

Вујадин Савиќ (роден на 1 јули 1990 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата централен бек во одбраната. Член е на кипарскиот прволигаш АПОЕЛ.

Вујадин Савиќ во тимот на Црвена ѕвезда во натпревар против Краснодар

Клупска кариера

уреди

Почетна кариера

уреди

Вујадин Савиќ имал само осум години кога започнал да тренира со екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Во овој клуб ги поминал сите возрасни категории. Помеѓу 2007 и 2009 година настапувал за составот на Рад. Подоцна, тој се вратил во екипата на Црвена ѕвезда каде што настапувал за првиот тим сѐ до 2010 година, од кога се преселил во Франција и потпишал за екипата на Бордо.[1] Во месец јануари 2012 година, тој заминал како позајмен играч во екипата на Динамо од Дрезден и тоа до крајот на сезоната 2011-12.[2]

Ватфорд

уреди

На 23 јануари 2015 година Вујадин Савиќ потпишал за клубот од англиското првенство, Ватфорд и тоа до крајот на сезоната.[3] Сепак, тој бил еден од тројцата ослободени од екипата на Ватфорд по нивната промоција во Премиер лигата во 2015 година. Од клубот на Ватфорд заминал без да има ниту еден настап за екипата.[4]

Шериф Тираспол

уреди

Во 2015 година Савиќ се приклучил во составот на Шериф од Тираспол, каде што одиграл вкупно 40 натпревари и постигнал 4 гола во сите натпреварувања, во текот на наредните две сезони. Тој на 19 септември 2015 година постигнал гол со таканаречен велосипедски удар, на лигашкиот натпревар против составот на Зарија Балци.[5]

Враќање во екипата на Црвена ѕвезда

уреди

Во месец јуни 2017 година, Вујадин Савиќ се вратил во својот матичен клуб, екипата на Црвена ѕвезда од Белград, и веднаш потпишал двегодишен договор.[6] Во неговата прва сезона во составот на Црвена ѕвезда екипата за прв пат во историјата успеала да се квалификува во нокаут фазата од Лигата на Европа за 2018 година, а започнала да се натпреварува од првото квалификациско коло.[7] Тоа било, исто така, прва сезона на екипата на Црвена ѕвезда која ја преживеала групната фаза од натпреварување на УЕФА по цели 26 години пост.[7] Во текот на сезоната 2017, тренерот Владан Милојевиќ го користел Савиќ во партнерства со соиграчите Срѓан Бабиќ[7] и Демиен Ле Талек. Со Вујадин Савиќ во составот, екипата на Црвена ѕвезда примила само два гола во групната фаза од Лигата Европа 2017 година. Тоа била втората најдобра одбрана во групната фаза на Лига Европа веднаш зад подоцнежниот полуфиналист, составот на Ред Бул Салцбург.[7] Во месец мај 2018 година, Вујадин Савиќ бил избран во тимот од најдобрите 11 играчи за сезоната 2017–18 во српската Суперлига, по избор на капитените и тренерите на клубовите.[8] Наредната сезона, Вујадин Савиќ успеал да ја однесе екипата на Црвена ѕвезда до нивниот прв настап во Лигата на шампионите во УЕФА. Во текот на квалификациските кола, најчесто настапувал во тандем со соиграчот Милош Дегенек. Црвена ѕвезда успеала да прими само три гола. Во отсуство на капитенот на клубот Ненад Милијаш, Савиќ бил капитен на екипата на Црвена ѕвезда и тоа на сите четири натпревари на кои настапил. Во два од тие четири натпревари, и тоа и двата на домашен терен против составите на Наполи и Ливерпул, составот на Црвена ѕвезда успеал да ја сочува мрежата. Тој го одиграл првото полувреме против екипата на Ливерпул на стадионот Енфилд, но бил заменет на полувремето поради повреда. Преостанатите два натпревари против составите на Наполи во Неапол и Париз Сен Жермен во Белград ги пропуштил поради повреда. На 25 јануари 2019 година, Вујадин Савиќ го продолжил договорот со екипата на Црвена ѕвезда до крајот на летото 2022 година.[9]

АПОЕЛ

уреди

На 14 јули 2019 година, кипарскиот клуб АПОЕЛ официјално го објавил потписот на Савиќ.[10] Вујадин Савиќ преминал во екипата на АПОЕЛ од составот на Црвена ѕвезда на слободен трансфер, со внесена одредба во која стоело дека на екипата на Црвена Ѕвезда да и биде исплатена половина од сумата за неговиот евентуален нареден трансфер.[11] Тој потпишал тригодишен договор со клубот на АПОЕЛ.[10] Кон крајот на месец август 2019 година, тој бил опериран поради повреда на препоните.[12]

На 15 февруари 2021 година, Вујадин Савиќ бил позајмен на екипата од словенечката Прва лига, од страна на клубот Олимпија од Љубљана и тоа за остатокот од сезоната.[13]

Репрезентација

уреди

Вујадин Савиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија на Европското првенство за фудбалери до 21 година на УЕФА 2009 година. Во месец март 2018 година, тој го добил првиот повик во фудбалската репрезентација на Србија под водство на селекторот Младен Крстајиќ, за пријателските натпревари против селекциите на Мароко и Нигерија.[14] Поради повредата не успеал да игра на тие два натпревари.[15]

Приватен живот

уреди

Вујадин бил син на поранешниот српски професионален фудбалер Душан Савиќ.[16] Тој имал четири деца со невенчаната сопруга Мирка Васиљевиќ, која по професија била глумица.[17] Вујадин Савиќ го добил името по српскиот тренер и поранешен играч Вујадин Бошков.[18] Го добил и прекарот Гишка по неговиот роднина Ѓорѓе Божовиќ.[19][20]

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Обновено на по крајот на натпреварот одигран на 16 мај 2021[21]
Одиграни натпревари и постигнати голови во различни години и различни сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Останати натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Рад(како позајмен играч) 2007–08[1] Прва лига на Србија 7 0 0 0 7 0
2008–09[1] Суперлига 18 0 0 0 18 0
Вкупно 25 0 0 0 25 0
Црвена ѕвезда од Белград 2009–10 Суперлига 14 0 0 0 3 0 17 0
Бордо 2010–11 Лига 1 7 1 1 0 8 1
2011–12 Лига 1 1 0 0 0 0 0 1 0
2013–14 Лига 1 2 0 1 0 1 0 4 0
Вкупно 10 1 2 0 1 0 13 1
Бордо II 2011–12 ЦФА 2 9 1 9 1
2013–14 ЦФА 2 5 0 5 0
Вкупно 14 1 14 1
Динамо од Дрезден (како позајмен играч) 2011–12 2. Бундеслига 13 0 13 0
2012–13 2. Бундеслига 21 0 2 0 23 0
Вкупно 34 0 2 0 36 0
Арминија од Билефелд(како позамен играч) 2013–14 2. Бундеслига 6 0 6 0
Ватфорд 2014–15 Чампионшип 0 0 0 0 0 0
Шериф 2015–16 Национална Дивизија 18 1 1 0 0 0 19 1
2016–17 Национална Дивизија 16 3 3 1 2 0 0 0 21 4
Вкупно 34 4 4 1 2 0 0 0 40 5
Црвена ѕвезда од Белград 2017–18 Суперлига 17 0 2 0 15 0 34 0
2018–19 Суперлига 19 1 1 0 11 0 31 1
Вкупно 36 1 3 0 26 0 65 1
АПОЛЕ 2019–20 Прва Дивизија 17 1 1 1 8 1 1 0 27 3
Олимпија 2020–21 Словенска Прва лига 10 2 0 0 0 0 0 0 10 2
Вкупно во кариерата 200 10 12 2 40 1 1 0 253 13

 

Признанија

уреди

Клупски признанија

уреди

Црвена ѕвезда од Белград

Шериф

  • Освоена е Национална дивизија: 2015–16, 2016–17
  • Освоен е Купот на Молдавија: 2016–17
  • Освоен е Суперкупот на Молдавија: 2016 година

АПОЕЛ

  • Освоен е Кипарскиот Суперкупот: 2019

Олимпија од Љубљана

  • Освоен е Купот на Словенија: 2020–21

Индивидуални признанија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Savic, Vujadin“. srbijafudbal.com. Посетено на 6 October 2017.
  2. „Vujadin Savić u Cvajti“. mozzartsport.com (српски). 23 January 2012. Посетено на 17 August 2013.
  3. „Ben Watson leaves to join Watford“. BBC. 23 January 2015. Посетено на 15 January 2015.
  4. „Watford will release Marco Motta, Luke O'Nien and Vujadin Savic while the club are in discussions with Heurelho Gomes, Hornets legend Lloyd Doyley and Rene Gilmartin“. Watford Observer (српски). 19 May 2015. Посетено на 6 October 2017.
  5. Obrenović, Aleksandar (20 September 2015). "Makazice" Vujadina Savića za spas Šerifa!“. Sportske.net (српски). Посетено на 15 February 2021.
  6. Вујадин Савић се вратио у Звезду. Radio Television of Serbia (српски). 17 June 2017. Посетено на 6 October 2017.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Euan McTear (11 December 2017). „Tifo Football: How Red Star Belgrade returned from the European football wilderness. Посетено на 11 May 2018.[мртва врска]
  8. 8,0 8,1 „Super liga: Održana manifestacija Prvi tim, priznanja u rukama najboljih“ (српски). Serbian SuperLiga. 14 May 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 16 May 2018.
  9. Савић продужио верност клубу. crvenazvezdafk.com (српски). 25 January 2019. Посетено на 17 April 2019.
  10. 10,0 10,1 Aleksadnar Obrenović (14 July 2019). APOEL predstavio Savića. Sportske.net (српски). Посетено на 4 October 2019.
  11. Željko Mutavdžić (29 August 2018). Vujadin Savić mora na operaciju!. MaxBet Sport (српски). Архивирано од изворникот на 2022-02-10. Посетено на 2022-02-10.
  12. Nebojša Todorović (29 August 2019). MORAO POD NOŽ Vujadin Savić operisan, brzo se vraća na teren“. Meridian Sport (српски). Посетено на 4 October 2019.[мртва врска]
  13. Podvratnik, Urban (15 February 2021). „Olimpijo je končno okrepil tudi izkušeni srbski branilec“. Slovenski nogometni portal (словенечки). Посетено на 15 February 2021.
  14. Крстајић позвао Савића, повратак Басте. Dnevnik (српски). 10 March 2018. Посетено на 13 March 2018.
  15. „Vujadin Savić ostaje u Beogradu“. mozzartsport.com (српски). 21 March 2018. Посетено на 22 March 2018.
  16. „Vujadin Savić sin Dušana Savića“ (српски). Večernje novosti. 28 August 2011. Посетено на 28 August 2017.
  17. „SAVIĆ ZA ALO! OTKRIVA Evo kada će Vujadin odvesti Mirku pred oltar!“ (српски). Alo!. 28 September 2017. Посетено на 6 October 2017.
  18. Blic (1 July 2017). „Čast i odgovornost: Vujadin Savić otkrio po kome je dobio ime“ (српски). Посетено на 31 March 2018.
  19. "Otvorenih karata" sa... Vujadinom Savićem!“ (српски). mondo.rs. 13 December 2017. Архивирано од изворникот на 2019-08-20. Посетено на 25 July 2018.
  20. „Vujadin Savić: Giška mi je bio pradeda“ (српски). Kurir. 18 July 2014. Посетено на 25 July 2018.
  21. „V. Savić“. Soccerway. Посетено на 28 August 2017.