Срѓан Бабиќ
Срѓан Бабиќ (роден на 22 април 1996 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата дефанзивец или одбранбен играч за шпанскиот клуб Алмерија, како позајмен од тимот на Црвена ѕвезда од Белград.
Клупска кариера
уредиВојводина
уредиБабиќ започнал во неговиот роден клуб Борац од Бања Лука, пред да се пресели во младинскиот тим на клуботВојводина, во август 2011 година. Својот прв официјален натпревар за екипата на Војводина Срѓан го имал под водство на менаџерот Бранко Бабиќ на 1 март 2014 година, играјќи цели 90 минути во победата од 2:0 на домашен терен против екипата на Вождовац.[1] И покрај тоа што имал само осум настапи во лигата во сезоната 2013-14, Бабиќ бил сместен во најдобрите единаесет играчи. Срѓан му помогнал на својот тим да го освои Купот на Србија, постигнувајќи гол во победата во финалето од 2:0 над екипата на Јагодина.[2] Во сезоната 2014–15, Бабиќ бил редовен избор на позицијата централниот бек. Таа сезона имал вкупно 27 настапи во сите типови на натпреварувања.
Реал Сосиедад
уредиНа 8 јули 2015 година, Бабиќ потпишал четиригодишен договор со шпанскиот клуб Реал Сосиедад, и веднаш бил ангажиран да игра во Сегунда дивизион Б.[3] Тој имал одлични игри во вториот тим на Реал и во сезоната 2015-16, одиграл 31 натпревар и постигнал три гола.
Реус (како позајмен играч)
уредиНа 31 август 2016 година, Бабиќ бил позајмен на клубот од Сегунда Дивизион, Реус Депортиво до крајот на сезоната.[4] Како резервна опција за Пичу Атиенца и Хесус Олмо, тој настапил на единаесет натпревари. Својот прв професионален гол додека бил во клубот го постигнал во поразот на неговиот тим на домашен терен со 1:2 од екипата на Кордоба. Тоа се случило на 4 декември 2016 година
Црвена ѕвезда Белград
уредиНа 7 јули 2017 година, Бабиќ потпишал едногодишен договор како позајмрн играч со српскиот Суперлигашки клуб Црвена ѕвезда од Белград.[5] Во средината на сезоната 2017-18, Црвена звезда го откупила неговиот договор и Бабиќ потпишал со клубот регуларен договор н подолго за сума од 800.000 евра.[6] На 9 февруари 2018 година, потпишал нов четиригодишен договор со Црвена ѕвезда од Белград.[7] Бабиќ својот прв гол за Црвена звезда го постигнал во победата од 5:2 на гостински терен кај Младост во Лучани на 1 април 2018 година, на асистенција на Славољуб Срниќ од позиција на корнер.[8] На 12 август 2018 година, тој постигнал гол во победата од 3:0 на домашен терен против тимот наСпартак од Суботица.[9]
Алмерија (како позајмен играч)
уредиНа 30 август 2021 година, Бабиќ се вратил во Шпанија откако се согласил на едногодишна позајмица со тимот на УД Алмерија кој се натпреварува во втората шпанска лига.[10]
Репрезентација
уредиБабиќ ја претставувал Србија на УЕФА првенството до 19 години во 2014 година, кога тимот бил елиминиран во полуфиналето од репрезентацијата на Португалија. Тој бил редовен член на тимот во репрезентацијата што го освоила Светскиот куп на ФИФА У-20 (за играчи до 20 години) во 2015 година.[11]
Статистика
уреди- Обновено на крајот од сезоната 2020–21[12]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални Европски натпревари | Други натпревари | Вкупно | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Војводина | 2013–14 | 8 | 0 | 3 | 1 | 0 | 0 | - | 11 | 1 | |
2014–15 | 24 | 0 | 2 | 0 | 1 | 0 | - | 27 | 0 | ||
Вкупно | 32 | 0 | 5 | 1 | 1 | 0 | - | 38 | 1 | ||
Реал Сосиедад Б тим | 2015–16 | 31 | 3 | - | - | - | 31 | 3 | |||
Реус (како позајмен играч) | 2016–17 | 11 | 1 | 1 | 0 | - | - | 12 | 1 | ||
Црвена ѕвезда од Белград | 2017–18 | 25 | 1 | 2 | 0 | 3 | 0 | - | 30 | 1 | |
2018–19 | 21 | 3 | 5 | 0 | 6 | 0 | - | 32 | 3 | ||
2019–20 | 11 | 3 | 2 | 0 | 4 | 0 | - | 17 | 3 | ||
2021–22 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | - | 3 | 0 | ||
Вкупно | 60 | 7 | 9 | 0 | 13 | 0 | - | 82 | 7 | ||
Фамаликао (како позајмен играч) | 2020–21 | 27 | 1 | 2 | 0 | - | - | 29 | 1 | ||
Вкупно во кариерата | 161 | 12 | 17 | 1 | 14 | 0 | - | 192 | 13 |
Признанија
уредиКлуб
уреди- Војводина
- Освоен е Купот на Србија: 2013–14
- Црвена ѕвезда Белград
- Освоена е Српска Суперлига: 2017–18, 2018–19, 2019–20
Меѓународени признанија
уреди- Србија
- Освоено е Светското првенство на ФИФА за играчи до 20 години: 2015 година
Индивидулни признанија
уреди- Награда за Тим на сезоната во српската Суперлига: 2013–14
- Одликување
- Добил Медал за заслуги (Република Српска) [13]
Наводи
уреди- ↑ „VOJVODINA-VOŽDOVAC 2 : 0“ (српски). fkvojvodina.rs. 1 March 2014. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 2 March 2014.
- ↑ „Babić za "Sport": Banjalučki i na rastanku od Novog Sada“ (српски). novosti.rs. 1 May 2015. Посетено на 7 July 2015.
- ↑ „Srdjan Babic, a new reinforcement for Sanse“. realsociedad.com. 8 July 2015. Посетено на 31 August 2016.
- ↑ „Babic loaned to CF Reus Deportiu“. realsociedad.com. 31 August 2016. Посетено на 31 August 2016.
- ↑ „Срђан Бабић Звездин!“. Red Star Belgrade official website (српски). 7 July 2017. Посетено на 8 July 2017.
- ↑ „Звезда откупила Бабићев уговор“. Red Star Belgrade official website (српски). 5 February 2018. Посетено на 5 February 2018.
- ↑ „Бабић продужио уговор“. Red Star Belgrade official website (српски). 9 February 2018. Посетено на 9 February 2018.
- ↑ „Бабић – Првенац за наше навијаче“. Red Star Belgrade official website (српски). 2 April 2018. Посетено на 2 April 2018.
- ↑ „Pavkov prošao audiciju za Trnavu: Zvezda je i dalje na sto posto (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 12 August 2018. Посетено на 14 August 2018.
- ↑ „Srdjan Babic, sexto fichaje para reforzar la defensa“ [Srdjan Babic, sixth signing to bolster the defense] (шпански). UD Almería. 30 August 2021. Посетено на 30 August 2021.
- ↑ „Ecstasy in Auckland as Serbia make history“. fifa.com. 20 June 2015. Архивирано од изворникот на June 20, 2015. Посетено на 7 July 2015.
- ↑ Срѓан Бабиќ на soccerway
- ↑ „Dodik odlikovao "orliće" iz Srpske“ (српски). mondo.rs. 25 June 2015. Посетено на 22 November 2016.
Надворешни врски
уреди- Срѓан Бабиќ – Профил на службената страница на ФИФА
- Срѓан Бабиќ – Профил на сајтот на УЕФА