Вулкански кратер

(Пренасочено од Вулкански кратери)

Вулкански кратеркружна длабнатина (депресија) настаната како последица на вулканска активност.[1] Во кружната длабнатина се јавуваат отвори од кои избива магмата во вид на гасови, лава и други материјали. Кратерот може да биде со големи димензии и понекогаш со голема длабочина. Неговата ширина може да изнесува од неколку десетици метри до повеќе километри, а длабочината од неколку десетици метри до еден километар. На дното на кратерот е отворот низ кој растопената материја од астеносферата стигнува до вулканскиот кратер. Вулкански кратер разорен со експлозија се нарекува калдера. Калдерите вообичаено се широки и до 20 км и на нивното дно обично се наоѓаат млади вулкански конуси (Јега на планината Тибести во Сахара).

Кратер на планината Камерун, Камерун

Потекло на поимот

уреди

Зборот кратер доаѓа од грчкиот збор κρατήρ кој означува керамички сад.[2]

Геоморфологија

уреди

Кај вулканите кратерот обично се наоѓа на врвот на планината формирана од вулканските наслаги кои избиле на површината како лава. Вулканите кај кои кратерот е на врвот обично имаат конусен облик. Постојат и вулкани кај кои кратерот е на бочните страни на вулканот. Во некои вулкански кратери може да дојде до создавање на кратерски езера, кога дождот ќе го наполни кратерот или после топење на снегот.

Пробиените кратери имаат понизок раб на едната страна бидејќи при ерупцијата дошло до изливање на лава, или подоцна дошло до ерозија.

Некои вулкани, како на пример Мари, се состојат само од кратер – немаат вулкански конус. Исто така постојат и вулкани кои после ерупцијата не оставаат кратер.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Glossary of Terms: C“. physicalgeography.net.
  2. Crater (англиски). Merriam Webster.