Вулкански избув
исфрлање на лава и тефра од вулкански отвор
(Пренасочено од Вулканска ерупција)
Вулкански избув или вулканска ерупција – исфрлање на лава, пирокластичен материјал, пепел, лапили, вулкански бомби, вулкански блокови и разни гасови од вулкан. Според класификацијата на вулканолозите постојат неколку вида вулкански избуви. Често истите се именувани според познати вулкани, односно според настаните кои дале пример за класификацијата. Некои од вулканите за време на својата активност покажуваат само еден карактеристичен вид избув, додека други можат при една избувна случка да покажат одлики од повеќе вида.
Поделба на вулканските избуви
уредиПостојат три главни поделби на вулканските избуви.
- Според местото на вулканскиот избув се делат на:
- подводни – излевањето на лавата е директно во водата или површинските лави стигнуваат во водата. При овие избуви преовладува ефузивна активност, додека експлозивни се можни на длабочини под 2.160 метри, во случај на слатка, или 3.150 метри, во случај на солена вода. Карактеристична е неексплозивна фрагментација и нејзините производи како што се перничести лави и хијалокластити. Составот на магмата е претежно базично-интермедијарен, поретки се кисели продукти;
- субаерски – широк распон на видови активности и производи. Ефузивната и експлозивната активност зависат од составот на лавата и другите фактори. Кај ефузивната активност присутна е и неексплозивна фрагментација заради нееднаквото ладење на лавата;
- подземни избуви – дајкови, неправилни пробиви, криптодоми и сл. застапена е хидраулична фрагментација и хидротермална активност.
- Според обликот на вулканскиот центар, избувите се делат на:
- централни – класични вулкани. Често поединечните центри се линеарно распоредени. Нема правилности спрема составот на магмата. Различен е волуменот на излеаната лава, односно големината на структурата;
- линеарни – волуменот на магмата е главно голем, а голема е и снагата на избувот. Преовладува базичен состав на магмата;
- ареални – голем волумен и голема снага на избувот. Преовладува базичниот состав на магмата.
- Спрема видот, вулканските избуви се делат на:
- изливни – кохерентни производи и вулканокластити настанати со неексплозивна фрагментација. Магмите содржат малку волатили. По составот на производите, преовладуваат магми со базичен состав. Различна е литологијата на производите и волуменот на лавата, односно облиците и големината на структурата;
- експлозивни – магмите се со многу волатили. Присутна е експлозивна фрагментација и пирокластични производи. Спрема потеклото на водата, сите експлозивни вулкански избуви се делат на: магматски (кои содржата само магматска вода), фреатомагматски (содржат мешавина од магматска и атмосферска вода) и фреатски избуви (кои содржат само атмосферска вода). Спрема експлозивноста, експлозивните вулкански избуви се дела на (од најслабите кон најјаките): хавајски, стромболски, вулканолошки, потплиниски, суртсејски, фреатоплиниски, Плинискии и ултраплинискии избуви
Литература
уреди- Schmincke, H. U. 2004. Volcanism. New York: Springer ISBN 3-540-43650-2
- Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука
Надворешни врски
уреди„Вулкански избув“ на Ризницата ? |
- USGS Hawaiian Volcano Observatory (HVO) homepage. USGS.
- Distinguishing eruptive types Архивирано на 20 февруари 2010 г..
- How Volcanoes Work. San Diego State University.