Вршник (Каратманово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Вршник – Џамалџиски Гробишта“
| |
Местоположба | 41°45′44″N 21°52′6″E / 41.76222° СГШ; 21.86833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Каратманово |
Општина | Лозово |
Тип | |
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Вршник – Џамалџиски Гробишта — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Каратманово, Општина Лозово. Претставува населба, базилика и некропола од доцноантичкото време. На 2,5 км јужно од селото, покрај патот за селото Кишино има фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. На североисточниот крај од теренот лежи столб од бел мермер, веројатно од базилика, а на југоисточниот крај се наоѓаат големи правоаголни плочи од гробни конструкции. [1]
Поврзано
уреди- Думанлија — населба римското време;
- Машатл’к —некропола од римското време;
- Срма — населба со некропола од доцноантичкото време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 351. ISBN 9989-649-28-6.