Вржогрнци
Вржогрнци — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.
Вржогрнци | |
Координати 42°9′11″N 22°5′3″E / 42.15306° СГШ; 22.08417° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Ранковце |
Население | 18 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15006 |
Надм. вис. | 539 м |
Вржогрнци на општинската карта Атарот на Вржогрнци во рамките на општината | |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце. Оддалечено е 7 килиометри од општинското средиште Ранковце и 26 километри западно од Крива Паланка. Претставува село од растурен маалски тип.
Историја
уредиСе верува дека на местото на денешното село постоела населба од доцното античко време
Стопанство
уредиНаселението во селото главно се занимава со сточарство. Во селото нема никакви стопански или услужни објекти.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од пописот во 2002 година во Вржогрнци живеат 29 жители сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | 96 | 64 | 88 | 109 | 101 | 66 | 41 | 37 | 29 | 18 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
уредиСпоред истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Самоуправа и политика
уредиСелото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Вржогрнци се наоѓале и селата Ветуница, Гулинци, Лубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.