Во честарот (расказ)

Во честарот (јапонски: 藪の中) - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1922 година. Врз основа на овој расказ, во 1950 година, Акира Куросава го снимил филмотРашомон“.

Содржина

уреди

Еден дрвар дава исказ во полицијата за мртвото тело што го пронашол во планината. Потоа, еден будистички свештеник сведочи дека го видел убиениот, во придружба со жена му. Еден полицаец раскажува како го уапсил разбојникот Таџомару за кого смета дека е убиецот. Една старица кажува дека убиениот, чие име е Такехико, бил нејзиниот зет, а жената е нејзината ќерка Масаго. Во својот исказ, Таџомару раскажува како го извршил убиството: го намамил брачниот пар во планината, го нападнал мажот, жената се бранела, но ја совладал и ја силувал, таа го замолила да се бори со нејзиниот сопруг при што тој го убил, а потоа жената избегала. Меѓутоа, подоцна жената дава изјава во која признава дека таа го убила сопругот, со намера потоа да се убие, но немала храброст да го направи тоа. Најпосле, со посредство на медиум, и убиениот го опишува настанот: откако ја силувал, разбојникот ја побарал Масаго за жена, а таа се согласила и го наговарала Таџомару да го убие нејзиниот сопруг; изненаден од нејзината нечесност, Таџомару ја удрил, но таа успеала да побегне; тогаш, Таџомару го ослободил Такехико и го напуштил местото; разочаран од срамното предавство на својата сопруга, Такехико извршил самоубиство.[1]

Наводи

уреди
  1. „U čestaru“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 121-133.