Преносна средина

(Пренасочено од Медиуми за пренос)

Медиум за пренос (множина медиуми за пренос) е материјална супстанца (цврста, течна, гас, или плазма) што може да пренесува енергетски бранови. На пример, медиумот за пренос на звук примен од страна на ушите е најчесто воздух, но цврстите материи и течности исто така може да делуваат како медиуми за пренос на звук.

Отсуството на материјален медиум во вакуум исто така може да претставува медиум на пренос за електромагнетни бранови како светлина и радио бранови. Додека материјална супстанца не е потребна за пренесување на електромагнетни бранови, таквите бранови обично се под влијание на медиумот на пренос низ којшто поминуваат, на пример со апсорпција или рефлекција или рефракција на интерфејси помеѓу медиумите.

Терминот медиум за пренос исто така се однесува и на технички уред кој користи материјална супстанца за пренесување или наведување на бранови. Така, оптички или бакарен кабел е медиум за пренос. Но, не само тоа. Техничкиот уред е во можност и да го води (наведува) преносот низ мрежата.

Медиумот за пренос може да биде класифициран како:

  • Линеарен медиум, ако различни бранови во било која одредена точка во медиумот можат да бидат суперпонирани;
  • Ограничен медиум, ако е ограничен во мерката, инаку се класифицира како неограничен медиум;
  • Унифициран медиум или хомоген медиум, ако неговите физички својства не се променети на различни точки;
  • Изотропрен медиум, ако неговите физички својства се исти во различни насоки.
Коаксијален кабел, еден пример на медиум за пренос

Електромагнетно зрачење може да се пренесе преку оптички медиуми, како оптичко влакно, или преку усучени парици, коаксијален кабел, или диелектрични брановоди. Исто така може да помине низ било кој физички материјал кој е птоѕирен за специфична бранова должина, како вода, воздух, стакло, или бетон. Звукот, по дефиниција е, треперење на материите, па затоа и побарува физички медиум за пренос. Историски гледано, науката инкорпорирала различни теории за етерот за да се објасни преносот на медиум. Сепак, сега е познато дека електромагнетните бранови не побаруваат физички медиум за пренос, и можат да патуваат низ "вакуумот" на слободниот простор.

Преносот и приемот да податоци се врши во четири чекори.

  1. Податоците се кодирани како бинарни броеви на крајот кај испраќачот
  2. Преносниот сигнал е модулиран како што е наведено од страна на бинарното претставување на податоците
  3. На крајот каде што се прима, сигналот што доаѓа е демодулиран во соодветните бинарни броеви
  4. Декодирањето на бинарните броеви се врши [1]

Телекомуникации

уреди

Физички медиум во податочните комуникации е преносниот пат преку кој сигналот се движи.

Многу преносни уреди се користат како комуникациски канали.

За телекомуникациските потреби во САД, медиумите за пренос се класифицирани како едни од следниве:

  • Насочени (или ограничени) се насочени долж цврст медиум како линија за пренос.
  • Безжични (или ненасочени) се остваруваат со средства како антени.

Еден од најчестите физички медиуми кој се користи во мрежите е бакарна жица. Бакарната жица, за носење сигнали на долги растојанија користи релативно мали количини на енергија. Усучените парици (UTP) претставува осум бакарни жици, организирани во четири пара.[2]

Друг пример на физички медиум е оптички кабел, кој се наметнува како еден од најчесто користените медиуми за пренос за комуникации на долги растојанија. Оптичко влакно е тенка жица од стакло што наводува светлина долж неговата должина. Четири главни фактори го издвојуваат оптичкото влакно над останатите, и тоа: рати за пренос на податоци низ бакар, растојание, инсталација, и трошоци. Оптичкото влакно може да пренесува огромен број на податоци споредено со бакарот. Може да биде долго стотици милји и да работи без притоа да има потреба од повторувачи на сигналот, со што се намалуваат трошоците за одржување и подобрување на сигурноста на комуникацискиот систем бидејќи повторувачите се чест извор на мрежни падови. Стаклото е полесно отколку бакарот со што се овозможува помала потреба на специјализирана машинерија за тежок товар кога се поставува оптички кабел на долги растојанија. Оптичкиот кабел за внатрешна употреба чини приближно три долари за еден метар, исто како бакарот.[3]

Повеќенасочните и еднонасочните се два типа на најчесто користени оптички кабли. Повеќенасочните кабли користат LED-ови како извор на светлина и можат да пренесуваат сигнали на кратки растојанија, околу 2 километри. Еднонасочните можат да пренесуваат сигнали на растојанија од десетици милји.

Безжичните медиуми можат да пренесуваат површни бранови, надолжни или попречни, и се така класифицирани.

Во двете комуникации, комуникацијата е во форма на електромагнетни бранови. Со насочувачки медиуми за пренос, брановите се насочени долж физичкиот пат: примери на насочувачки медуими вклучуваат телефонски линии, усучени парици, коаксијални кабли, и оптички кабли. Ненасочените медиуми за пренос се методи кои дозволуваат пренос на податоци без употреба на физички средства за дефинирање на потребната патека. Примери за тоа вклучуваат микробранови, радио или инфрацрвени зраци. Ненасочените медиуми обезбедуваат средства за пренесување електромагнетни бранови, но не ги насочуваат истите: примери се пропагација низ воздух, вакуум и морска вода.

Терминот директен линк се користи за објаснување на преносниот пат помеѓу два уреди во кои сигналите се пренесуваат директно од емитувачите до примачите без придружни уреди. Овој термин може да се користи и за насочени и ненасочени медиуми.

Преносот може да биде симплекс, полудуплекс, или целосен-дуплекс.

Во симплекс преносот, сигналите се пренесуваат само во една насока; едната станица е предавателот а другиот крај е примателот. Во полудуплекс операцијата, двете станици може да емитуваат (предаваат), но само една во одреден момент од времето. Во целосен-дуплекс операцијата, двете станици можат да емитуваат (предаваат) симултано. Во вториот случај, медиумот пренесува сигнали во двете насоки во ист момент.

Наводи

уреди
  1. Agrawal, Manish (2010). Business Data Communications. John Wiley & Sons, Inc. стр. 54. ISBN 0470483369.
  2. Agrawal, Manish (2010). Business Data Communications. John Wiley & Sons, Inc. стр. 37. ISBN 0470483369.
  3. Agrawal, Manish (2010). Business Data Communications. John Wiley & Sons, Inc. стр. 41–43. ISBN 0470483369.

Види останато

уреди