Владимир Пингов
Владимир Пингов (познат и како Владе Пингов и Ладе Пингов) — македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии, извршител на познатите Солунски атентати во 1903 година.
Владимир Пингов | ||
Роден | 1883 Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 16 април 1903 Солун, денес Грција |
Животопис
уредиРоден е во Велес. Се одликувал со весел дух и неверојатна ладнокрвност која ќе влијае смирувачки врз неговите другари во решавачките моменти.
Пред изршувањето на солунските атентати изнајмува дуќан-берберница во Солун, кој бил само камуфлажа на акцијата за прокопување на подземен тунел што водел до Отоманската банка.
Заедно со Марко Бошнаков на 29 април 1903 година, ќе се обидат да ги кренат во воздух Топането и хотелот „Вардар“.
Меѓутоа ненадејно ги пресретнуваат турски војници. Во престрелката Бошњаков е заробен, а тој загинува [1][2].
Извори
уреди- ↑ Кратки биографии на атентаторите
- ↑ „Мариан Гяурски, „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори"“. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.
Литература
уреди- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
- К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985