Владимир Михаилов
Владимир Михаилов (роден на 27 април 1939 година во Белград) — македонски градежен инженер од областа на инженерската сеизмологија.[1]
Владимир Михаилов | ||
Роден | 27 април 1939 Белград, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | сеизмолог |
Животопис
уредиВладимир Михаилов е роден во 1939 година година во Белград. Почина на 29.12.2020 година во Скопје.Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје во 1963 година. Магистрирал во Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје во 1967 година, а докторирал на Природно-математичкиот факултет во Загреб во 1978 година, како прв доктор по сеизмологија во Македонија. Михаилов е редовен професор и познат научник од областа на инженерската сеизмологија. Автор е на повеќе од 500 научни и стручни трудови, публикувани во земјава и во странство. Учествувал на голем број научни собири. Бил претседател на заедницата за сеизмологија на СФРЈ и член на претседателствата на повеќе интернационални асоцијации. Бил член и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Носител е на повеќе државни и научни признанија и награди.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михаилов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 970. Text "series " ignored (help)