Вич

планина во Егејска Македонија
(Пренасочено од Вич планина)

Вич, Вичо или Нередска Планина (грчки: Βέρνο, Верно) — планина во западниот дел на Егејска Македонија, односно крајниот северозападен дел на денешна Грција. Има меридијански правец на протегање север - југ, а кон крајот на својот масив скршнува на југоисток. Вич ја оградува Пелагонија (Леринското Поле) од западната и југозападната страна и таа се надоврзува на Баба Планина преку превојот Вигла. Сместена е југозападно од градот Лерин и низ неа поминува локален пат кој води кон грчко-албанската граница и областа Преспа. Највисок врв е истоимениот врв Вич со 2.128 метри надморска височина.

Вич
Βέρνο
Поглед на Вич од с. Блаца
Највисока точка
Надм. вис.2.128 м [1]
Координати40°38′57″N 21°23′08″E / 40.6491° СГШ; 21.3855° ИГД / 40.6491; 21.3855
Географија
Вич на карта

Карта

Местозападна Егејска Македонија
Карта

Планината има изобилство од високотревни пасишта, а во подножјето се застапени листопадни шуми (бука, даб, костен и др.) додека кон врвовите се застапени зимзелените шуми.

Историја

уреди

На падините на Вич се одвивале голем број историски настани од кои најпознати се битките за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949). Како доста тешко пристапен терен Вич долго време служела како упориште на КПГ, ДАГ и НОФ и била слободна територија, пред сè и поради помошта на селаните околните села кои биле целосно населени со Македонци. Во почетокот на воените дејствија на Вич се стационирале голем број на војници на демократските сили, а тука биле одржани и неколку пленуми и советувања на КПГ. Кон крајот на војната на врвот Вич се одиграла една од најголемите и најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција.

Население и населени места

уреди

Од двете страни на падините на Вич се сместени повеќе села од кои најпознати се Неред, Арменско на источната страна, Вишени на западната и др. Етничкиот состав на селата е драстично променет особено по завршетокот на Граѓанската војна, кога грчките монархо-фашистички сили поради бесот заради помошта што им ја даде локалното македонско население на КПГ, ДАГ и демократските сили врз него изврши масовни ѕверски убиства, протерувања и етнички чистења.

Денес населението на овие села главно го сочинуваат Грци и Власи, а во мал дел се останати и Македонци.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди