Етно село Витославлици (Музей народного деревянного зодчества «Витославлицы») претставува комплекс на музеи на отворено во форма на етно село посветен на традиционалната дрвена архитектура на Новоградската земја. Се наоѓа неколку километри јужно од градот Голем Новгород, недалеку од Јурјев манастир на реката Волхов, на подрачјето на Новгородската област, на североисток на европскиот дел на Русија

Капела од XVIII век од селото Кашир во Маловишерскиот реон

Одлики

уреди

Етното село Витославлици се наоѓа на листа за културно наследство на Руската Федерациј под бројот 5310015000.[1]

Рускиот и советскиот архитект и реставратор Леонид Красноречев на 5 јуни а 1964 година започнал да работи на основањето на музеј на отворено, кој требаше да претстави уникатен архитектонски стил заснован на дрво како најважен материјал во Новгород. Во рамките на музејот има бројни градби кои најдобро ја отсликуваат руската архитектура од 16 век до XIX век. Министерството за култура на Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република на 31 јануари во 1965 година ја усвои писмена препорака за основање на музеј како место од исклучително културно и историско значење. Музејот официјално започнал со работа на 16 мај а 1967 година.

Сите градби кои се наоѓаат во рамките на комплексот се оригинални објекти што биле пренесени на музејскиот локалитет од различни делови на земјата Новгород. Првиот објект во етното селото е црквата Успение на Богородица која е пренесена од селото Курицко, a датира уште од 1595 година. Набргу потоа, беше пренесена првата визба од селото Рижево, еден вид на дрвени куќи за престојување, карактеристични за просторите на Источна Европа. Селото е познато и по бројни фолклорни приредби кои ги оживуваат старите народни обичаи.

Етното село го управува Новгородскиот државен музеј.

Самото име на комплексот потекнува од истоименото село, кое постоело на тоа место од 12 век - 18. век. Познато е дека грофицата Ана Орлова од Чесмен живеела на местото на поранешното село во текот на првата половина на XIX век и со нејзините прилози значително финансиски му помогнала на Јурјевиот манастир.

Музејски комплекс

уреди

Види уште

уреди

Наводи

уреди
  1. „Культурное наследие Российской Федерации, объект № 5310015000“. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 12 јануари 2015.

Надвотешни врски

уреди