Витомир Мицев (роден на 27 август 1940 година во Белград) — македонски невропсихијатар, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Витомир Мицев
Роден 27 август 1940
Белград, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање невропсихијатар

Животопис

уреди

Витомир Мицев завршил на Медицинскиот факултет во Скопје во 1965 година. Во 1972 година завршил специјализација по психијатрија во Англија, каде што работел до 1974 година. Потоа се вработил на Клиниката за невропсихијатрија во Скопје, каде што во 1984 г. одбранил докторат. Бил наставник по психопатологија и на Филозофскиот факултет во Скопје. Супспецијалист е по психотерапија и ја вовел бихевиор и психотерапијата во Македонија и е еден од познатите автори на лекување на фобичните заболувања.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мицев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 974–975. Text "series " ignored (help)