Виталијано Бранкати

Виталијано Бранкати (италијански: Vitaliano Brancati), (24 јули 1907, Пачино25 септември 1954, Торино) — италијански романописец, драматург, поет и сценарист[1].

Виталијано Бранкати
Vitaliano Brancati
Роден(а)24 јули 1907(1907-07-24)
Пачино, Сицилија, Италија
Починал(а)25 септември 1954(1954-09-25) (возр. 47)
Торино, Италија
Занимањероманописец, драматург, поет и сценарист
СопружникАна Проклемер
(1946-1954)
Деца1

Животопис

уреди

Роден бил во Пачино, Сиракуза, Бранкати студирал на Универзитет на Катанија, Катанија, каде што дипломирал книжевност и каде што го поминал најголемиот дел од животот. Започнал да пишува мошне рано, на 25 години, веќе бил автор на шест книги, на кои во голема мера влијаел италијанскиот фашизам и кој подоцна самиот тој го отфрлил.

Критичарите ја поставиле почетната точка на неговата кариера од 1935 година, кога тој ја објавил збирката раскази.„Во потрага по причината“, Бранкати го добил својот прв и веројатно голем успех во 1941 година, со романот „Дон Џовани во Сицилија“ кој го претставил живописно и хумористично сицилијанскиот темперамент.

Во 1944 година тој го објавил романот „Изгубените години“, смела сатира на мегаломанија на Бенито Мусолини, а во 1946 година „Старец во чизми ”, сатиричен расказ инспириран од околностите на италијанскиот фашизам, со кој ја доби наградата Вандеммија и која бил адаптирана во успешниот филм, Тешки години” од Лујџи Зампа[2].

Во 1950 година ја освоил Багута наградата за романот „Убавиот Антонио“.

Починал во клиника во Торино по голема операција. Тој бил оженет со глумица Ана Проклемер со која имале ќерка[3].

Избрани дела

уреди

Романи и раскази

уреди
  • Дон Џовани во Сицилија (1941), адаптиран за филмот со меѓународно признаннија, како (Дон Хуан во Сицилија) (1967)[4].
  • Антонио: Големиот љубовник (1952), Прекрасен Антонио (1993 ),
  • Тешки години , (1948)

Сценирија

уреди
  • Заспаната убавица (филм 1942)
  • Дон Чезаре ди Базан (1942)
  • Љубомора (филм 1942)
  • Рим-Париз-Рим” (1951)
  • Неговите последни дванаесет часа (1951)
  • Лесни години (1953)
  • Уметноста на собирање (1954)
  • Топлиот Паоло (1955)

Надворешни врски

уреди
  • Sarah Zappulla Muscarà (edited by), Vitaliano Brancati, Catania, Giuseppe Maimone Editore, 1986. ISBN 978-88-7751-003-7.
  • Sarah Zappulla Muscarà (edited by), Narratori siciliani del secondo dopoguerra, Catania, Giuseppe Maimone Editore, 1990. ISBN 978-88-7751-031-0.
  1. „VITALIANO BRANCATI“. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 2020-07-25.
  2. Vitaliano Brancati
  3. Lettere da un matrimonio. Vitaliano Brancati e Anna Proclemer
  4. Brancati Vitaliano Libri