Вилстер
Вилстер (германски: Wilster) — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Вилстер | |
Градското собрание на Вилстер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Штајнбург |
Градоначалник | Валтер Шулц (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 2,71 км2 |
Надм. височина | 2 м |
Население | 4.369 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.612 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | IZ |
Пошт. бр. | 25554 |
Повик. бр. | 04823 |
Портал | www.wilstermarsch.de |
Местоположба на градот Вилстер во рамките на округот Штајнбург | |
Координати | 53°55′21″N 9°22′28″E / 53.92250° СГШ; 9.37444° ИГД |
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Вилстермарш, иако самиот град не е член на заедницата.
Историја
уредиВилстер ги добил градските права во 1282 година и со тоа се вбројува помеѓу најстарите градови во покраината Шлезвиг-Холштајн. Вилстер е средиште на Вилстермарш, голема област за одгледување на говеда во Германија.
Од 1 јули 2005 година, градската администрација и администрацијата на општинската заедница Вилстермарш се споени и работат заедно.
Знаменитости
уредиСтарото Градско собрание изградено во 1585 година е помеѓу најдобро зачуваните ренесансни градби во Шлезвиг-Холштајн.
Исто така, црквата Св. Бартоломеј во барокен стил, изградена од Ернст Георг Зонин помеѓу 1775 и 1781 година и новото Градско собрание изградено во 1786 година се вредни споменици.
Луѓе
уреди- Волфганг Ратке — дидактичар и педагог
- Ханс Херман Јунге — СС-офицер и личен слуга на Адолф Хитлер
Галерија
уреди-
Старото Градско собрание во Вилстер
-
Црквата Св. Бартоломеј во Вилстер
-
Воздушен поглед на градот
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Вилстер на Ризницата ?
- Официјална страница