Вилијам Ласел
Вилијам Ласел (англиски: William Lassell; 18 јуни 1799 – 5 октомври 1880) — англиски трговец и астроном.[1][2][3][4][5][6] Запомнет е како усовршувач на рефлекторскиот телескоп и откривач на четири месечини.
Вилијам Ласел William Lassell | |
---|---|
Роден(а) | 18 јуни 1799 Болтон, Англија |
Починал(а) | 5 октомври 1880 Мејденхед, Англија | (возр. 81)
Полиња | астроном |
Познат по | ги открил месечините Тритон, Хиперион, Ариел и Умбриел |
Поважни награди |
|
Живот
уредиЛасел е роден во 1799 г. во Болтон, Ланкашир. Почетното образование го стекнал во родниот град, а потоа на Академијата во Рочдејл.[7] По смртта на татко му, од 1814 до 1821 г. чиракувал кај трговец во Ливерлуп. Потоа почнал да се занимава со пиварство, од кое стекнал значајно богатство, што му овозможило да се занимава со астрономија. Изградил опсерваторија во неговата куќа во Западен Дарби, Ливерпул. Таму поставил рефлекторски телескоп со метално огледало со отвор 610 мм, и прв почнал да користи екваторски држач за лесно следење на телата додека се врти Земјата. Огледалото самиот го брусел и мазнел, користејќи се со самоделна опрема. Во 1854 г. ја префрлил опсерваторијата во Бредстоун.
Во 1846 г. користејќи самоделен инструмент Ласел го открил Тритон, најголемата месечина на Нептун, само 17 дена по откривањето на самата планета од германскиот астроном Јохан Готфрид Гале.[8][9][10] Во 1848 г. независно ја открил Сатурновата месечина Хиперион.[9][11] Во 1851 г. ги открил и Урановите месечини Ариел и Умбриел.
Во 1855 г. изработил 1,2-метарски телескоп и го поставил на Малта како место со подобра видливост од облачната Англија. На Малта провел неколку години, па се вратил во Англија и се преселил во Мејденхед каде работел со 610-милиметарски телескоп во тамошната опсерваторија. Големиот телескоп на Малта бил расклопен и расходуван.[12] Во 1880-тите, 610-милиметарскиот телескоп е префрлен во Гриничката опсерваторија, но потоа бил расклопен.[9]
Ласел членувал во Кралското астрономско друштво од 1839 г. Во 1849 г. го освоил Златниот медал на друштвото и од 1870 г. две години бил негов претседател.[13] Во 1849 г бил избран за член на Кралското друштво. Во 1858 г. го добил неговиот Кралски медал.[14] Членувал и во Кралското книжевно друштво.[15] Бил избран за почесен член на Кралското друштво на Единбург и Научното друштво во Упсала, а примил и почесен докторат по правни науки од Кембричкиот универзитет in 1874.[16]
Ласел починал во Мејденхед во 1880 г., и погребан во црквата „Св. Лука“.[17] На смртната постела оставил богатство од 80.000 фунти (околу 8.500.000 фунти во 2021 г.). Неговиот телескоп е предаден на Гриничката опсерваторија.
Во негова чест се наречени кратерот Ласел на Месечината, истоимениот кратер на Марс, астероидот 2636 Ласел и прстен на Нептун. Ливерпулскиот универзитет секоја година ја доделува наградата „Вилијам Ласел“ за најуспешниот студент по физика со астрономија.[18][19]
Наводи
уреди- ↑ Dictionary of National Biography. London: Smith, Elder & Co. 1885–1900. .
- ↑ AN 98(1881) 108 (на германски)
- ↑ „William Lassell“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 41 (4): 188–191. 1881. Bibcode:1881MNRAS..41..188.. doi:10.1093/mnras/41.4.188. Посетено на 8 ноември 2015.
- ↑ Huggins, Margaret Lindsay (1880). „The late Mr. William Lassell, LL.D., F.R.S.“. The Observatory. 3 (43): 587–590. Bibcode:1880Obs.....3..586H.
- ↑ „The Late Mr. Lassell“. Astronomical Register. 18 (215): 284–285. 1880. Bibcode:1880AReg...18..284. Посетено на 8 ноември 2015.
- ↑ McFarland, John (2014). „Lassell, William“. Во Hockey, Thomas; Trimble, Virginia; Williams, Thomas R. (уред.). Biographical Encyclopedia of Astronomers. New York: Springer Publishing. стр. 1281–1283. doi:10.1007/978-1-4419-9917-7_828. ISBN 978-1-4419-9917-7.
- ↑ Biographical Index of Former Fellows of the Royal Society of Edinburgh 1783–2002 (PDF). The Royal Society of Edinburgh. 2006. ISBN 0-902-198-84-X. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 март 2016. Посетено на 23 јули 2016.
- ↑ Smith, Robert W. (1983). „William Lassell and the Discovery of Neptune“. Journal for the History of Astronomy. 14: 30–32. Bibcode:1983JHA....14...30S. doi:10.1177/002182868301400102. S2CID 116099804. Посетено на 14 ноември 2015.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 „The Royal Observatory Greenwich – where east meets west: Telescope: The Lassell 2-foot Reflector (1847)“. www.royalobservatorygreenwich.org. Посетено на 28 ноември 2019.
- ↑ Smith, Robert W.; Baum, Richard (1984). „William Lassell and the Ring of Neptune: a Case Study in Instrumental Failure“. Journal for the History of Astronomy. 15 (1): 1–17. Bibcode:1984JHA....15....1S. doi:10.1177/002182868401500101. S2CID 116314854. Посетено на 14 ноември 2015.
- ↑ „In Depth | Hyperion“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 29 ноември 2019.
- ↑ Lassell, William (1877). „Mr. Lassell's Great Reflector“. The Observatory. 1 (6): 178–179. Bibcode:1877Obs.....1..178L. Посетено на 17 ноември 2015.
- ↑ Herschel, John (1850). „An Address Delivered at the Annual General Meeting of the Royal Astronomical Society, February 9, 1849, on Presenting the Honorary Medal to William Lassell, Esq. of Liverpool“. Memoirs of the Royal Astronomical Society. 18: 192–200. Bibcode:1850MmRAS..18..192H. Посетено на 14 ноември 2015.
- ↑ „Library and Archive Catalogue“. Royal Society. Посетено на 30 декември 2010.[мртва врска]
- ↑ On a Method of Supporting a large Speculum, free from sensible Flexure, in all Positions — Google Books
- ↑ Former Fellows of the Royal Society of Edinburgh 1783–2002 Архивирано на 4 март 2016. — Royal Society of Edinburgh
- ↑ History Trail Архивирано на 13 март 2012 г. (St. Luke's Chuch)
- ↑ „Physics Pre-Graduation Event 2017“. Department of Physics, University of Liverpool. Посетено на 31 октомври 2017.
- ↑ „Congratulations to all of our 2014 Physics graduates“. Department of Physics, University of Liverpool. Посетено на 31 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди„Вилијам Ласел“ на Ризницата ? |
- Биографија на Ласел и други теми Архивирано на 2 август 2020 г. (англиски)
- Кратка биографија и слики (англиски)
- Биографија и технички податоци за телескопите Архивирано на 11 мај 2023 г. (англиски)