Википедија:Фотоловови 2016/Предлози/Скопски регион
Фотолов во Скопскиот Регион
Јас и корисникот Македонец, како едни од најпостојаните учесници и организатори и на самите експедиции, сакаме да предложиме проект кој би ги опфатил скопските села во целиот статистички регион Скопски Регион. Имено, ние веќе почнавме минатата недела самоиницијативно со нашите велосипеди, посетувајќи ги селата Јаболци и Говрлево, па така сакаме да продолжиме со сите овие села и во иднина, кои ги посетувале во текот на целата година. Превозот би бил со нашите велосипеди, со што немаме трошоци во тој поглед, освен трошоци до 300 денари за храна, која би ја купувале доколку одиме кон некои попланински села и пооддалечени од самиот град.
Место/места
уреди- Скопски Регион — планот е да се посетуваат во зависност од нашето време, села од целокупниот Скопски Регион, кои како што можете да видите се во лоша состојба, особено руралните општини, како Општина Сопиште, Општина Студеничани, Општина Зелениково, Општина Чучер-Сандево, додека Општина Петровец и Општина Илинден се релативно подобри покриени и тие би имале помал приоритет.
Траење
уреди- Целогодишно, за време на викендите
Поединец или група (тогаш и бр. на членови)
уредиПроценети трошоци
уреди- околу 300 денари по одржана наша прошетка и посета на одредени села
Дискусија на заедницата
уредиГласање
уреди- --Kiril Simeonovski (разговор) 14:21, 11 април 2016 (CEST) Мислам дека не треба да има двоумење во врска со овој предлог, имајќи ги предвид корисноста на фотографиите и трошочната ефикасност.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:21, 11 април 2016 (CEST)
- Апсолутно поддржувам. --Б. Јанкулоски ( разговор) 19:32, 12 април 2016 (CEST)
Заклучок
уредиОдобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува. --Б. Јанкулоски (разговор) 17:58, 19 април 2016 (CEST)
- Напомена
Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunts in Macedonia за да ги заведе сликите на правилно место. Пожелно е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.