Википедија:Уредувачки натпревари/Антарктик

Antarctica-mk.svg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар на тема
„Антарктик“

 

од 10 септември до 9 октомври 2022 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Антарктик“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Антарктик“.

Натпреварот почнува на 10 септември 2022 г. во 00:00 ч. и завршува на 9 октомври 2022 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Главна тема на натпреварот е континентот Антарктик и сите статии поврзани со него ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии поврзани со Антарктик, каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува оценувачки одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачиУреди

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Тиверополник (разговор) 23:05, 6 септември 2022 (CEST)
  2. --Chnitke (разговор) 23:05, 6 септември 2022 (CEST)
  3. --P.Nedelkovski (разговор) 19:48, 12 септември 2022 (CEST)
  4. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:25, 16 септември 2022 (CEST)
  5. --Bojan9Spasovski (разговор) 19:11, 16 септември 2022 (CEST)
  6. --Temjana.angjusheva (разговор) 14:03, 29 септември 2022 (CEST)

Членови на оценувачки одборУреди

  1. Kiril Simeonovski (О1)
  2. Ehrlich91 (О2)
  3. Инокентиј (О3)
  • Станете член на оценувачкиот одбор за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користењеУреди

Може да се користат преводи, но се препорачува користење извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите.

НаградиУреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на оценувачкиот одбор.

I наградаУреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II наградаУреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III наградаУреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статијаУреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесникУреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Посебно изненадувањеУреди

Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии.

РезултатиУреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на оценувачкиот одбор.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.559
2 Chnitke 419
3 Bjankuloski06 272
4 P.Nedelkovski 130
5 Bojan9Spasovski 68
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар нов учесник
  • Наградата не е доделена.
Посебно изненадување