Википедија:Образовна програма:Математичко-информатичка гимназија 2021
Образовната програма на Википедија во Математичко-информатичката гимназија има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии од разни области на Википедија на македонски јазик од страна на учениците на Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Потфатот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на потфатот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.
Цели
уредиРаботата на учесниците во овој образовен потфат е насочена кон остварување на следните цели:
- создавање нови квалитетни статии од различни области;
- подобрување на квалитетот и надополнување на постоечките статии;
- зголемување на обемот на стручни содржини од различни области на македонски јазик.
Членови
уредиНа обуките беа присутни 76 средношколци, додека подолу се наведени лицата кои создале свои кориснички сметки и/или придонеле на Википедија.
Галерија
уреди- Уредувачки час (13.12.2021)
- Уредувачки час (20.12.2021)