Бон Ступс
Роберт Ентони Стопс (роден на 9 септември 1960 година) ― гридиронски тренер. Тој неодамна бил привремен главен фудбалски тренер на Оклахомскиот универзитет. Тој претходно бил нивни главен тренер од 1999 до сезоната 2016. Тој ги предводел Оклахома Сонерс до учинок од 190-48 во текот на 18 сезони. Неговиот фудбалски тим Оклахома Сонерс од 2000 година го освоиле Оринџ Боулот во 2001 година, кој служел како натпревар на државното првенство на БЦС и добило консензус на државното првенство. Во 2020 година, Ступс бил главен тренер и главен раководител за Далас Ренегејдс на XFL.[2]
| |||
Тренерска кариера | |||
---|---|---|---|
ГОдини | Екипа | ||
1983–1984 | Iowa (GA) | ||
1985–1987 | Iowa (асистент) | ||
1988 | Kent State (assistant) | ||
1989–1990 | Kansas State (DB) | ||
1991–1995 | Kansas State (co-DC) | ||
1996–1998 | Florida (AHC/DC) | ||
1999–2016 | Oklahoma | ||
2020 | Dallas Renegades | ||
2021 | Oklahoma (interim HC) |
Ступс играл колеџов гридирон на Универзитетот Ајова како одбранбен бек од 1979 до 1982 година. Пред неговиот мандат во Оклахома, тој имал различни позиции за помошник тренер на Универзитетот Ајова, Кентскиот државен универзитет, Канзашкиот државен универзитет и Универзитетот Флорида. На Ступс му била доделена Наградата „Пол „Мечка“ Брајант“ во 2000 година и Наградата за тренер на годината „Волтер Камп“ во 2000 и 2003 година.[3] Тој го добил прекарот „Големиот натпревар Боб“ (Big Game Bob) и од поддржувачите и од противниците.[4]
Ступс бил примен во Куќата на славните на колеџовиот гридирон како тренер во 2021 година.
Гимназија и колеџ
уредиСтупс е едно од шесте деца родени на Рон Постариот и Евелин „Ди Ди“ Ступс во Јангстаун, Охајо. Тој е дипломиран од 1978 година во средното училиште „Кардинал Муни“, каде што неговиот татко бил долгогодишен одбранбен координатор на гридиронскиот тим. Боб и неговите тројца браќа (Рон Џуниор, Мајк и Марк) биле обучени од Рон Постариор во „Муни“. За време на натпревар во 1988 година против екипата чиј тренер бил Рон Помладиот, Рон Постариот почнал да чувствува болки во градите. Тој бил сместен во возило на брза помош по натпреварот и починал на пат кон болница.[5][6]
Ступс бил четиригодишен почетен играч и бил во еднократниот избор на сета „голема десетка“ како дефанзивен бек на Универзитетот во Ајова. Тој бил прогласен за најкорисен играч на екипата на Ајова во 1982 година.[7]
XFL
уредиЕкипа | Сезона | Регуларна сезона | Разигрување | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Победи | Изгубени | Врски | Успех во % | Место | Победи | Изгубени | Успех во % | Резултат | ||
ДАЛ | 2020 | 2 | 3 | 0 | .400 | Откажана сезона | 0 | 0 | .000 | - |
Вкупно | 2 | 3 | 0 | .400 | 0 | 0 | .000 |
Наводи
уреди- ↑ „Oklahoma Sooners' Bob Stoops and Sterling Shepard to Accept 2014 Disney Sports Spirit Award“. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на 2021-12-13.
- ↑ „Stoops back in the coaching saddle“. SoonerSports.com. February 7, 2019. Посетено на February 7, 2019.
- ↑ "Walter Camp's 2006 "Coach of the Year"". Соопштение за печат. Архивирано на 10 октомври 2007 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-10. Посетено на 2021-12-13.
- ↑ Grathoff, Pete (December 31, 2015). „Clemson beats Oklahoma, and the 'Big Game Bob' jokes soon follow“. The Kansas City Star. Посетено на November 10, 2018.
- ↑ Thamel, Pete (August 29, 2004). „College Football Preview 2004; A Family of Coaches Has Followed Its Leader“. The New York Times. Посетено на October 18, 2007.
- ↑ Branch, John (August 28, 2001). „Legend in the making/ National title vaults Stoops into Sooner elite“. The Colorado Springs Gazette. Посетено на October 18, 2007.
- ↑ „2007 Big Ten Media Guide“ (PDF). стр. 93, 100. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-10-26. Посетено на 2021-12-13.