Ричард Салернски ( ок. 1060 – 1114), ― учесник во Првата крстоносна војна и управник на Грофовијата Едеса од 1104 до 1108 година. Тој бил братучед на Ришар од Отвил.

Ричард де Отвил
Роден(а)ок. 1060
Починал(а)29 ноември 1114
Мараш
НародностНорманец
ЗвањеРегент на Грофовијата Едеса
СопружникАлтруда
ДецаРоџер Салернски и марија
РодителиГијом Отвил и Марија Сорентска

Животопис

уреди
 

Ричард е роден околу 1060 година, трет син на Вилијам од Принципатот, нормански гроф, и Марија, ќерка на Ги, ломбардскиот војвода од Соренто.[1] Тој исто така бил еден од многуте внуци на Роберт Гвискард и Роџер I Сицилијански и во раниот живот Ричард учествувал со неговите двајца познати чичковци во освојувањето на Сицилија.

Во 1097 година, Ричард им се придружил на своите братучеди, Боемунд Тарентски и Танкред, во нивната војска на Првата крстоносна војна. Ричард и Танкред биле значајни по тоа што биле меѓу ретките крстоносци кои знаеле да зборуваат арапски, способност несомнено научена за време на војните во Сицилија, која имале силно арапско присуство. Ана Комнена раскажува дека кога Ричард го преминал Јадранското Море, неговиот брод бил нападнат и заробен од римската флота, која го сметала за пират. Набрзо бил ослободен и ѝ се придружил на главната крстоносна војска која марширала низ Бугарија и Унгарија. Заедно со Танкред, Ричард одбил да му се заколне на верност на римскиот император Алексиј I Комнен, претпочитајќи тајно да го премине Босфорот.

Ричард бил еден од командантите во Битката кај Дорилеја во летото 1097 година. Ричард и Танкред му се придружиле на Бохемунд при Опсадата на Антиохија. Ричард бил меѓу оние кои биле заробени заедно со Боемунд во 1100 година, кога Данишмендите биле нападнати од заседа во Битката кај Мелитене. Оттаму Ричард бил испратен кај императорот Алексиј, кој го затворил во Константинопол пред конечно да биде ослободен во 1103 година. Неговиот братучед Танкред потоа го назначил за управник на Едеса во зимата 1104 година, град со кој владеел до 1108 година. Тој беше жестоко мразен од граѓаните на Едеса затоа што е немилосрден и алчен. Во тоа време, Ричард дејствувал и како дипломат, патувајќи во Франција и Италија и договорувајќи го бракот на Боемунд со принцезата Констанца од Франција. Тој беше сведок на Деволскиот договор од 1108 година. Тој, исто така, учествувал во крајно катастрофалните походи што Боемунд ги водел против императорот Алексиј, но можеби тајно подготвувал заговор со Алексиј против Боемунд. По смртта на Боемунд во 1111 година, Ричард се повлекол во Мараш, каде што починал во големиот земјотрес од 29 ноември 1114 година.

Семејно потомство

уреди

Од неговата сопруга Алтруда, ќерка на Ема од Отвил и Одо Добриот Маркиз, тој имал син

Наводи

уреди
  1. Beech 1993.

 

Извори

уреди
  • Beech, George T. (1993). „A Norman-Italian Adventurer in the East: Richard of Salerno 1097-1112“. Во Chibnall, Marjorie (уред.). Anglo-Norman Studies XV. Proceedings of the Battle Conference 1992. The Boydell Press. стр. 25-40.

Дополнителна книжевност

уреди
  • Ferdinandi, Sergio (2017). La Contea Franca di Edessa. Fondazione e Profilo Storico del Primo Principato Crociato nel Levante (1098-1150). Pontificia Università Antonianum - Rome. ISBN 978-88-7257-103-3.