Екетра (латински: Ecetra) ― гратче на древното племе Волски во средишниот дел на Апенинскиот Полуостров.[1][2] Неговата местоположба повеќе не е позната.

Движења за време на војната на Римјаните со Волските, 389 г. п.н.е.

Се споменува од Тит Ливиј во 495 п.н.е. во контекст на неуспешната Волска инвазија врз Рим. Ливиј вели дека по победата на Римјаните, амбасадорите на Екетра побарале мир од римскиот сенат, кој се согласил врз основа на тоа дека екетриските земји му биле отстапени на Рим.[3]

Во 464 п.н.е. Екетрите се здружиле со Аеките и се побуниле против Рим. Херниките го предупредиле Рим на предавството и Римјаните на крајот победиле.

Наводи

уреди
  1. Massimiliano Mancini (23 March 2014). I volsci e il loro territorio. Massimiliano Mancini. стр. 70–. ISBN 978-88-98121-09-0.[мртва врска]
  2. Purcell, N.; R. Talbert; S. Gillies; T. Elliott; J. Becker. „Places: 438730 (Ecetra)“. Pleiades. Посетено на November 10, 2014.
  3. Тит Ливиј, Книга за основањето на Градот (Ab Urbe Condita Libri), 2.25 http://latin.packhum.org/loc/914/1/85/1171-1177