Уан дирекшн (англиски: One Direction) е британско-ирска музичка група формирана во Лондон, 2010 година. Во состав на групата спаѓаат: Лиам Пејн, Најл Хоран, Зејн Малик (кој поради приватни причини ја напушти групата во март 2015 година) ,Хари Стајлс и Луи Томлинсон. Членовите на бендот се соединиле по учество во британското талент шоу Икс фактор. На предлог на жирито, од петмината создадена е група, чие натпреварување завршило со освојување на третото место. По тоа, групата потпишала договор со издавачката куќа на Сајмон Кауел. Како резултат на овој договор, издаден е првиот сингл What Makes You Beautiful во септември 2011 година кој бил број еден во Велика Британија и во Ирска, а во новември истата година и првиот албум под името Up All Night, кој се нашол на второ место на американската топ список на албуми, па така во март 2012 се нашол и на првото место на Билбордови листи 200 најдобри албуми. Дебитанскиот албум зазема прво место во петнаесет земји.

Групата настапуваше во Источен Радерфорд, Њу Џерси на 2 јули 2013 година
Најл Хоран

На МТВ видео музичкото натпреварување во септември 2012 година доделена им е награда за најдобро поп видео, како и награда за најдобри млади уметници. Тоа е прва англиска група која првпат се наоѓа на прво место во САД со дебитантски албум. Освојуваат БРИТ награда за најдобар сингл во 2012 година. Победници се за омилени британски бенд на Никелодион кидс чојс истата година.


Учествување на X Factor (2010-2011)Уреди

 
One Direction во финалето на Икс Фактор, во Глазгов.

Годината 2010, Зејн Малик, Лиам Пејн, Луи Томлинсон, Најл Хоран и Хари Стајлс одлучиле да се пријават на кастинг за седмото британско издание на музичкото шоу The X Factor и барајќи од судиите да настапуваат како соло уметници во машката категорија.

Зејн се пријавил на кастингот уште од 2009 година,но не се појавил дека немал доволно храброст. Меѓутоа, година дена подоцна, сепак се одлучил да се соочи со судиите, пеејќи акапела песна на Марио ,,Let Me Love You". Никол Шерцингер, Луис Уолш и Сајмон Каул беа едногласни. Зејн добил три од три позитивни оценки и без проблеми поминал понатаму во другиот круг за натпреварување.На кастингот исто така се пријавил и Луи Томлинсон со песната ,,Hey There Delilah" кој ја изведува групата на ,,The Pain White TS". Toj ги импресионира жирито и секако добива три ,,да" со што Луи го продолжува натпреварувањето. За Лиам Пејн ова е вторпат што учествува во ова шоу. Првиот пат се пријави во 2008 година. Тој тогаш имаше само 14 години , а во 2009 година можеа да се пријават луѓе до само 16 години, па затоа тој чекаше и се пријави повторно во 2010. Исто така на кастингот се пријавил и Хари Стајлс со песната ,,Isn't she lovely", кој доби само два гласа. И последниот кој се пријави на кастингот беше Најл Хоран со песната ,,So Sick", кој исто така доби два гласа. Сите тие не успеаја да поминат во категоријата "Машки", и наместо тоа тие беа ставени заедно во бенд за да можат да продолжат напред. Тие добија време од две недели за да се запознаат и да вежбаат заедно. Хари Стајлс го предложил името на бендот "One Direction" и тие се согласиле. Прва песна која ја пееле заедно беше ,,Torn". После 4 недели тие освоија трето место на крајот. Кратко после тоа тие направија договор со Syco Record вреден 2 милиони фунти.

2011 - 2012: Up All NightУреди

Во септември 2011 беше објавен нивниот прв сингл, "What Makes You Beautiful". Тој за кратко време достигна прво место на UK Singles Chart. Вториот и третиот сигнл "Gotta Be You" и "One Thing" достигнаа топ 10 во UK Singles Chart. Во ноември 2011 излезе нивниот прв албум "Up All Night" кој брзо после тоа стана најбрзо продаван албум во 2011 во Велика Британија. Кон крајот на 2011 тие ja почнаа првaта турнеја на нивниот албум во Велика Британија. Во февруари 2012 тие пристигнаа во САД да ја продолжат нивната турнеја. Тие за прв пат се појавија на "The Today Show" веднаш откако беше официјално овјавен "What Makes You Beautiful" во САД. Up All Night Беше објавен интернационално во март, и One Direction постанаа прва британска група која нивниот прв албум достигна прво место во САД. Up All Night станал прв албум од машки бенд кој продал 500 000 дигитални копии, до август 2012 година биле продадени повеќе од 3 милиони копии. Во турнејата на Up All Night имаше 62 шоуа. Снимка од Up All Night: The Live Tour беше објавена во мај 2012 година. Првата книга на One Direction која била лиценцирана во САД, Dare to Dream: Life as One Direction била објавена во мај 2012. One Direction биле најголемите победници во 2012 MTV Video Music Awards со кои ги победија трите номинации на 6 септември 2012, вклучувајќи и Best New Artist.

2012 - 2013: Take Me HomeУреди

Во Септември 2012 главниот сингл од нивниот втор албум беше објавен, "Live While We're Young". Тоа беше глобален успех. За кратко време достигна топ 10 во скоро секоја држава. Вториот сингл, "Little Things" беше втор сингл од One Direction што постана број 1 во Велика Британија. Во ноември 2012, вториот албум ''Take Me Home'' беше објавен. Ова стана најпознатата музичка група на сите времиња, со огромниот број обожаватели и со надминувањето на поранешната британска група "The Beatles". Во 2014 година го издадоа нивниот четврти албум по името Four(четири). Кон крајот на 2015 година тие го издадоа првиот албум без нивниот пријател Зејн Малик кој до 25 март 2015 беше во нивната група. Албумот го носи името Made in the A.M.

Нивната кариера напредува. Досега тие имаат веќе 5 албума :Up all night-нивниот прв албум со нивната хит песна What makes you beautiful , Take me home- нивниот втор албум кој е издаден во 2012 година ,Midnight memories -Третиот албум кој е издаден во 2013 година, Four-Нивниот четврти албум издаден во 2014 година и Made in the A.M- Нивниот петти албум кој го издадоа без нивниот придружник Зејн Малик кон крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година. Момците сега се на пауза, а нивните обожаватели очекуваат тие пак да се вратат на сцена во 2017 со нови изненадувања.