Кристијан Хорнер
Кристијан Едвард Џонстон Хорнер OBE (роден на 16 ноември 1973 година)[1] ― директор на британскиот тим на Ред Бул Рејсинг од Формула 1, положба што ја има од 2005 година, освојувајќи девет светски титули (четири светски првенства за конструктори и пет светски првенства за возачи).[2] Неговата кариера во мотоспортот започнала како возач на тркачки автомобили, пред да ги смени улогите за да стане шеф на меѓународниот тим на Формула 3000 Арден Интернационал Моторспорт во 1999 година.
Кристијан Хорнер OBE | |
---|---|
Роден(а) | Кристијан Едвард Џонстон Хорнер 16 ноември 1973 Лимингтон Спа, Ворвикшир, Англија, Обединетото Кралство |
Занимање | Раководител на Ред Бул Рејсинг (2005–до сега) |
Сопружник | Гери Халивел (венч. на 15 мај 2015) |
Деца | 2 |
Ран живот
уредиХорнер е роден во семејство вклучено во автомобилската индустрија: неговиот дедо работел како менаџер за набавки во Standard Motor Company во Ковентри, пред да основа агенција со таткото на Хорнер за снабдување со делови на производителите на мотори во англискиот Мидлендс.[3] Хорнер приватно се школувал во училиштето Арнолд Лоџ во Лемингтон Спа[4] и потоа во училиштето Ворвик.[5] Тој има двајца браќа, Џејми и Гај.[6]
Возачка кариера
уредиОткако ја започнал својата тркачка кариера во картинг, кариерата на Хорнер во автомобилски трки започнала откако освоил стипендија за Формула Рено во 1991 година.[3] Тој се натпреварувал во 1992 година во Британското Формула Рено првенство со Манор Моторспорт, завршувајќи ја таа сезона како победник на трка и највисоко пласиран дебитант. Потоа се преселил во Британската Формула 3 за 1993 година, завршувајќи втор во првенството Класа Б за моторспорт P1 и победил на пет трки[3] пред да се пресели во тимовите Фортек и АДР во 1994 и 1995 година, а потоа и во тимот на ТОМ во 1996 година. Во 1996 година тој исто така се тркал во Британската Формула 2.
Хорнер се преселил во Формула 3000 во 1997 година, основајќи го тимот на Арден.[1] Според Хорнер, тој го формирал тимот со позајмени пари, вклучително и заем од неговиот татко, и го убедил основачот на P1 Motorsport, Роли Винчини да ја преземе улогата на неговиот инженер за трка. Тој купил половна приколка за тимот од Хелмут Марко, кој како шеф на младинскиот состав на Ред Бул бил еден од главните ривали на Хорнер како менаџер во Ф3000, и со кој подоцна соработувал тесно во Ред Бул.
Тој останал во Ф3000 во 1998 година, а во Арден му се придружил Курт Молекенс, кој покажал добро темпо и го предводел првенството во една фаза. За време на претсезонскиот тест во Есторил, Хорнер го следел Хуан Пабло Монтоја низ првиот свиок на патеката со голема брзина и сфатил дека не е способен да го повтори нивото на посветеност што го покажал колумбискиот возач. Како резултат на тоа, тој одлучил да се повлече од возењето на крајот на сезоната со цел да се насочи на развојот на тимот на Арден.[7]
Управување на тркачка екипа
уредиОткако се повлекол од натпреварувачкото возење на 25-годишна возраст, Хорнер потпиша со Виктор Маслов и Марк Госенс за сезоната FIA F3000 во 1999 година. Пред почетокот на таа година, организацијата Prodrive на Дејв Ричардс купила 50 отсто од акциите во Арден во име на руската нафтена компанија Лукоил, чиј шеф бил таткото на Маслов. Хорнер по една сезона го откупил уделот на Продрајв во Арден.[3] Дарен Менинг бил потпишан да го замени Гусенс за сезоната 2000-2001, постигнувајќи еден пол и два пласмани на подиумот.
Арден, исто така, се натпреварувал во италијанскиот F3000 во 2000 година, победувајќи на три трки и завршувајќи втор во Првенството со Ворен Хјуз .
Во последната сезона на F3000, 2004 година, доминирал водечкиот возач на Арден, Витантонјо Лиуци; Поддршката на Роберт Дорнбос помогнал да се обезбедат титулите и првенството за возачи и конструктори со голема разлика. Тимот освоил осум од десетте првенствени кола таа година, при што Лиуци освои седум, а Доорнбос освои една. Лиуци во тимот го донесе неговиот раководител Хелмут Марко со спонзорство од Ред Бул.[3] Во тоа време Хорнер го засновал својата екипа Арден Интернационал во просториите на Продрајв во Банбери, пред да ги премести во поранешната градба на 22 Моторспорт во близина.
Во овој момент Хорнер барал можност да се пресели во Формула 1. Откако дискусиите со Еди Џордан за купување на Џордан Гран При не завршиле поради несогласувањата околу трошоците, во ноември 2004 година австриското друштво за енергетски пијалоци, Red Bull, го купиле Јагуар Ф1 Тим, кој стана Ред Бул Рејсинг.[3] Во јануари 2005 година, Хорнер бил назначен да го предводи тимот, станувајќи најмладиот директор на тимот во тоа време.[3][8] И покрај тоа што бил назначен само осум недели пред отворањето на сезоната за ГН на Австралија, екипата имала добар почеток под негово раководство, со возачите Дејвид Култхард и Кристијан Клиен кои завршиле четврти и седми во Австралија, и тие продолжиле да постигнат вкупно 34 поени за тимот во споредба со деветте што ги освоил Јагуар претходната година. Тој, исто така, одиграл клучна улога во регрутирањето на Адријан Њуи, кој бил најавен како главен технички директор на тимот во ноември 2005 година.[3]
Екипата завршила на силното второ место во првенството за конструктори во 2009 година, при што возачите Себастијан Фетел и Марк Вебер завршиле на второто и четвртото место во трката за титулата кај возачите, и забележале шест победи меѓу нив.[3] Во 2010 година, тимот го освоил своето прво првенство за конструктори со една трка до крајот, а Себастијан Фетел го освоил првенството за возачи на последната трка од сезоната, станувајќи најмладиот светски првак.[9] Со 36 години, Хорнер бил најмладиот екипен директор кој победил во Првенствoто на Формула 1 за конструктори. Во 2011 година, екипата го освоила своето второ првенство за конструктори со три трки до крајот, при што Себастијан Фетел станал најмладиот двоен првак во светот. Во 2012 година тимот го освоило своето трето првенство за конструктори со една трка до крајот. Себастијан Фетел станал најмладиот троен светски првак во светот. Во 2013 година Ред Бул Рејсинг го освоил своето четврто последователно првенство за конструктори во Ф1 додека Себастијан Фетел го освоил своето четврто првенство за возачи.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Christian Horner“. ESPN. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2020. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „Christian Horner: Team Principal“. Infiniti Red Bull Racing. Архивирано од изворникот на 14 јули 2013. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Taylor, Simon (јануари 2012). „Lunch with... Christian Horner“. Motor Sport (списание). Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „History of the School“. Arnold Lodge School. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2014. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „Pit Stop for Christian“. Old Warwickians. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „Hero's Hero: Christian Horner“. Red Bull. Архивирано од изворникот на 14 декември 2018. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „Driven to success – BLM meets Red Bull Racing principal Christian Horner“. Business Leader. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ „OBE caps hat trick of titles for Red Bull boss“. ITV Anglia. 14 јуни 2013. Посетено на 13 декември 2021.
- ↑ Ornstein, David (14 ноември 2010). „Sebastian Vettel wins Abu Dhabi GP to capture F1 title“. BBC Sport. Посетено на 13 декември 2021.
Надворешни врски
уреди„Кристијан Хорнер“ на Ризницата ? |