Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои, според традиционалната индиска медицина, се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата” или спирали со енергија кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во форма на фен (феновите оформуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергија. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина) во енергетското тело.
Чакрите најчесто се претставуваат на два начина:
во форма на цвет;
во форма на тркало.
Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на полупречници го делат кругот на делови со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња.
Голем дел од оригиналното учење за Чакрите, потекнува од Упанишадите, за кои е тешко да се сретнат во одреден период бидејќи за нив се смета дека се пренесувани усно околу илјадници години пред да бидат запишани за прв пат во периодот од 1200 до 900 г.п.н.е. (Дознајте повеќе...)
Не е лоша ама треба рецензија (воведот ми фати око не е среден, нема референци, и печатни грешки како грешна транскрибција од азискиве јазици). И вака не бива да ги ставаме тука за да некој ги средува. Ама Кирил те сфаќам дека покрај сè мора да се има нешто на главната страница, така што јас ќе се нафатам за оваа статија, знам нешто среќа од ова поле затоа.--Макс(разговор)17:00, 29 јуни 2010 (CEST)[одговори]