Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Тој бил син на принцот Август фон Сакс-Кобург-Гота и на принцезата Клементина Бурбон-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание кнезот Фердинанд бил признат за законски владетел. На 14 февруари1896 година во Софија бил миропомазан бугарскиот престолонаследник, а потоа уследило признавање на Фердинанд од Русија и западноевропските држави. На 22 септември1908 во црквата Свети Четириесет маченици се одржала грандиозна религиозна свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „цар на Бугарите“ со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за не им овозможи срамно да биде соборен. На 3 октомври 1908 година абдицирал во корист на својот најстар син Борис.
Остатокот од животот го поминал во прогонство, живвејќи градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарја, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил. (Дознајте повеќе...)
Ја прочитав статијата и забележав дека на неколку места има печатни грешки.
На друго место, прочитав дека новиот премиер се цикал Занков и мислам дека тоа е грешка (механички преземено од англиски или друг странски текст), мислам дека премиерот се вика Цанков.
Исто така, забележав една нелогичност: во текстот се вели дека...при крајот на Првата светска војна, Фердинанд го насетил крајот и за да не биде соборен, ги надитрил сите итн..., а веднаш подолу се вели дека во 1908 абдицирал во корист на својот син. Едното не оди со другото: ако абдицирал во 1908, тоа значи дека Фердинанд не бил на власт за време на Првата светска војна, па не можел ниту да биде соборен, ниту да се спаси од соборување.
Значи, авторот треба уште еднаш да ја провери статијата.
- Спиро К - Тој човек не бил владетел на Македонија како што ја знаеме денес. Можеби окупирал дел, но тоа кратко траело. Не се разбирам во Историја, но да стои владетел на Македонија, на границите кои ги имаме денес - тоа не ми звучи во ред. Променете го!