Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Боја е визуелна перцептивна способност на луѓето спрема категориите наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата на светлосниот спектар со светлосните рецептори во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред се од аспект на нивните физички својства како што се впивањето, одбивањето или зрачењето на светлината.
Најчесто, само делови од целиот состав на светлината кои се видливи за луѓето (брановата должина на спектарот од 380 nm до 740 nm, приближно речено) се сметаат за боја, според тоа непристарсно го поврзуваме психолошкиот феномен за боја со физичката спецификација. Бидејќи перцепцијата на бојата доаѓа од различните видови на конусни клетки во мрежницата и оди до различни делови во спектарот, боите можат да се дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки. Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај се не целосно ни ја објаснуваат псхофизичката перцепција на бојата. Повеќе...
Неколку пати имам пробано да ја рецензирам, но секогаш забележувам дека навистина нема грешки. Само да се викифицира (мора тоа, нема ниту една вики-врска, со исклучок на воведот) и да се додаде по некоја референца. Тоа е сè. Јас ќе пробам нешто да направам, ама деновиве сум доста неактивен така што ако воопшто успеам ќе направам нешто.--Макс(разговор) 12:25, 26 септември 2009 (UTC)
Статијата е многу поопширна од онаа на англиски. барем така изгледа на прв поглед. Автор на најголемиот дел од статијата е корисникот Владимир Ѓорѓиески. Мислам дека може да го прашаме, во врска со користената литература.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:39, 26 септември 2009 (UTC)
Мислам дека има преведени делови од Википедија на англиски, па ако се преведени цитирани делови, повтрдени со референци, може овие референци да ги наведеме.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:40, 26 септември 2009 (UTC)
Статијата е избрана на Википедија на хрватски, но мислам дека не е добра. Забележав дека ан Википедија на германски е нацведена литература, во која пишува нешто за бои. Би можеле и ние да се обидеме и да најдеме по некои учебници нешто и да ги наведеме.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:42, 26 септември 2009 (UTC)
ќе гласам за само поради тоа што нема друга кандидирана. Статијата е супер ама нема референци. Не знам како ќе реагираат останатите корисници на ова. Поз--НиколаСтоіаноски 16:59, 26 септември 2009 (UTC)
Јас мислам дека статијата е многу добра, со интересна тема и детално напишана. Навистина нема референци, но сепак нуди добра информација како основа за барање на дополнителна информација за оној што би се заинтересирал.--Ajax (разговор) 17:31, 26 септември 2009 (UTC)
--Рашо 17:57, 26 септември 2009 (UTC) Требаше одамна да биде избрана.