Википедија:Избрана статија/2015/10
Кралскиот грб на Обединетото Кралство (англиски: Royal Coat of Arms of the United Kingdom) — државен грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (Scotland Office).
Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.
Челенката е лав кој ја носи империјалната круна, која самата е друг приказ на таа круна.
Левиот држач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот држач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец, како што се двата еднорози-држачи на кралскиот грб на Шкотска.
На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што го смета за зол“) на приказ на подвеската зад штитот. (Дознајте повеќе...)