Википедија:Избрана статија/2009/15
Петар I Алексеевич или Петар Велики (руски: Пётр I Алексеевич; Пётр Великий) (Москва, 9 јуни 1672 — Санкт Петербург, 8 февруари 1725 според грегоријанскиот календар, или 30 мај 1672 — 28 јануари 1725 според јулијанскиот календар) бил руски цар, кој владеел со Русија од 7 мај (27 април според јулијанскиот календар) 1682, па сѐ до својата смрт во 1725.
На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат Иван V, кој умрел во 1696. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушул сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.
Петар владеел сам до 1724 година, а потоа владеел заедно со својата сопруга Екатерина I. Тој бил модернизатор на заостанатата феудална Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка европска сила во тоа време. Ја одбил титулата цар во 1721 и ја заменил со титулата „император“. Повеќе...