Википедија:Геоекспедиции 2024

ВикиПроект
„Геоекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2024 година биле организирани две геоекспедиции, со кои биле опфатени следните природни знаменитости:

  1. Станечки Водопади и Плоче Литотелми — еднодневна експедиција (18 февруари); и
  2. Кукуље — еднодневна експедиција (24 ноември).

Станечки Водопади и Плоче Литотелми

уреди

Иако експедицијата е насловена како „Станечки Водопади и Плоче Литотелми“, нашата првенствена замисла беше посета на Длабочичкиот Водопад, кај кумановското село Длабочица. За да се дојде до Длабочица, најпрвин е потребно да се помине покрај опсерваторијата Кокино, од каде направивме воздушна снимка, бидејќи опсерваторијата ја имаме посетено за време на нашата астроекспедиција во 2015 година. После Кокино, поминавме покрај селото Арбанашко и дојдовме до атарот на селото Дејловце, каде и заврши асфалтниот пат. Нашата првична замисла беше најпрвин да се упатиме кон селото Длабочица, но спуштајќи се само половина километар сфативме дека патот е во многу каллива состојба, поради што се откажавме од целосното спуштање до селото, до кое беа потребни околу 3 километри. Подоцна, мислејќи дека шумскиот пат помеѓу Дејловце и П’клиште е во подобра состојба и за да не се враќаме преку Младо Нагоричане се упативме по него, но во шумата над селото моравме да се вратиме назад, поради извршена шумска сеча и оставени длабоки траги од камиони, поради кои постоеше реална шанса да се заглавиме.

Поради сето ова, ние ја променивме и нашата маршрута и така отидовме кон селото Страцин, каде покрај природниот резерват Плоче Литотелми се запознавме и со преостанатите општествени објекти на селото, како и селската црква „Св. Димитриј“, покрај која и води самата патека за да се дојде до природниот резерват. Резерватот доколку не знаете дека е обележан на картите, во реалноста нема да го препознаете, ниту да сфатите дека сте во такво подрачје, бидејќи самиот е целосно обраснат со трње, грмушки и дрвја, поради што да се најдат камените блокови, поради кои резерватот е посебен, е вистински предизвик. Овие блокови ги забележавме дури откако го подигнавме нашиот дрон и направивме воздушна фотографија.

Како наше последно задоволство во Страцин, влеговме во еден од напуштените бункери/скривници на поранешната армија ЈНА, кој се наоѓа веднаш до самото село.

Од Страцин, на кратко влеговме во селото Ранковце за да може да ја фотографираме селската црква, од која немавме фотографии, иако општината Ранковце ја имаме посетено во склоп на нашите експедиции.

На крај завршивме со посета на Станечки Водопад, до кој води патека од самото село Станци, кое исто така го имаме посетено за време на нашите експедиции. Патеката започнува веднаш од самото село следејќи го текот на Козја Река и е во времетраење од половина час умерено темпо. Пристапот до водопадот е олеснет со изградбата на повеќе мовчиња на реката, а на крајот ве дочекува платформа на која има клупи на кои може да одморите. Во близина на големиот водопад, се наоѓаат и други помали водопади на помалите потоци, кои се влеваат во самата Козја Река.

Статии

уреди
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[Податотека:|200п|]] wikidata:

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Кукуље

уреди

Кон крајот на годината решивме да го искористиме студениот ноемвриски ден за посета на недоволно промовираната природна реткостКукуље“, за која дури ни на нашата Википедија нема статија. Иако на самите табли на локалитетот се користи називот природна реткост, сепак официјално месноста не е прогласена за таква, бидејќи Општина Делчево треба да изготви за истото посебен елаборат.

За да дојдете до оваа месност треба да пристигнете во селото Нов Истевник, кое ние веќе го имаме посетено во рамки на проектот „Викиекспедиции“ во 2018 година. Откако се исклучивме од регионалниот пат кон главниот дел од селото, најпрвин се упативме да ја фотографираме селската црква „Св. Димитриј“, од која немавме фотографии. Црквата за жал повеќе не постои, бидејќи целосно изгорела во текот на 2021 година и од нејзе се останати само остатоци. До црквата се наоѓаат селските гробишта и трпезарија, која е обновена во понов период.

Од црквата, отидовме до сретселото, од каде води пешачката патека до месноста „Кукуље“ во времетраење од триесетина минути. Патеката е делумно уништена и не е целосно означена поради шумските пожари во 2021 година во околината, па најдобро е да се водите по спортските апликации за планинарење или сателитските снимки. Месноста „Кукуље“ некогаш била уредена и таму се наоѓаат клупи и летниковци, како и информативни табли, а воедно е поставена и заштитна ограда над месноста. Оваа појава на ерозивни форми има научно објаснување, но месното население има легенди за тоа како настанале, слично како кај Куклици.

Статии

уреди
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[Податотека:|200п|]] wikidata:

Поврзано

уреди