Видјадар Сураџпрасад Најпол
Видјадар Сураџпрасад Најпол (Чагуанас, 17 август 1932 - Лондон, 11 август 2018) - англиски писател, еден од водечките романописци на англиското говорно карипско подрачје, добитник на Нобеловата награда за литература во 2001 година, затоа што во своите дела ги комбинирал постојните литературни жанрови во свој самостоен стил со кој просто ги плени читателите, терајќи ги пред очите да имаат постојана слика на потиснатите истории.[2]
Сер В.С. Најпол V. S. Naipaul TC | |||||
---|---|---|---|---|---|
Најпол во Дака во 2016 година | |||||
Роден/а | Видјадар Сураџпрасад Најпол Vidiadhar Surajprasad Naipaul[nb 1] 17 август 1932 Чагуанас, Британски Тринидад и Тобаго | ||||
Починат/а | 11 август 2018 Лондон, Англија | (возр. 85)||||
Занимање | романописец, патописец, есеист | ||||
Државјанство | британска[1] | ||||
Период | 1957–2010 | ||||
Жанр | роман, есеј | ||||
Предмет |
| ||||
Значајни дела | |||||
Значајни награди | Награда Букер 1971 Нобелова награда за литература 2001 | ||||
Сопруг/а |
| ||||
Роднини |
|
Творештво
уредиВо 1957 година го објавил својот прв роман „Мистичниот масер“.
Потоа следуваат делата:
- „Право на глас на Елвира“;
- „Улицата на Мигел“;
- Куќата на господинот Бисвас“;
- „Подрачјето на темнината“;
- „Мимичари“;
- „Во слободна држава“;
- „Половичен живот“ и други.[2]
Награди
уредиНајпол има добиено голем број награди, меѓу кои и познатата Букерова награда. Во неговиот творечки опус главни теми со кои се занимава се- колонијализмот, осаменоста, чувството на неприпадност на ниедна земја и ниеден континент и сл. За литературната дејност на која ѝ го посветил целиот свој живот, во 1990 година англиското кралско семејство му ја доделило титулата „сер“.[2]
Наводи
уреди- ↑ „The Nobel Prize in Literature 2001 – V. S. Naipaul“. NobelPrize.org. Архивирано од изворникот на 4 мај 2017. Посетено на 7 мај 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „МИКЕНА“, Битола, 2009
Белешки
уреди- ↑ Meaning: vidiādhar (Hindi "possessed of learning," (p. 921) from vidyā (Sanskrit "knowledge, learning," p. 921) + dhar (Sanskrit "holding, supporting," p. 524)); sūrajprasād (from sūraj (Hindi "sun," p. 1036) + prasād (Sanskrit "gift, boon, blessing," p. 666)) from McGregor, R. S. (1993). The Oxford Hindi-English Dictionary. Oxford University Press.