Вејд ван Никерк
Вејд ван Никерк (роден на 15 јули 1992 г.) — јужноафрикански атлетичар кој се натпреварува во спринтерските дисциплини, и тоа на 200 метри и 400 метри. Тој е моментален светски рекордер, светски шампион и олимписки шампион на 400 метри, и исто така е сопственик на најбрзото светско време на 300 метри.
Ван Никерк на Светското првенство 2017 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Јужноафриканец | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 15 јули 1992 Кејптаун, Јужна Африка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1.84 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 72 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 100 м, 200 м, 400 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Ван Никерк го освоил сребрениот медал на трката на 400 метри на Игрите на Комонвлетот 2014 и освоил бронзен медал со јужноафриканскиот штафетен тим на 4×400 метри на Универзијадата во 2013 година. Тој исто така се натпреварувал за Јужна Африка на светските првенства во 2013 и 2015. На светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил златниот медал на 400 метри. Тој ја одбранил оваа титула две години подоцна, на Светското првенство 2017 во Лондон.
На трката на 400 метри на Летните олимписки игри 2016, тој победил поставувајќи нов светски рекорд од 43.03 секунди, соборувајќи го рекордот од 43.18 секунди поставен од Мајкл Џонсон на Светското првенство 1999 во Севиља.
Тој е единствениот спринтер во историјата кој истрчал 100 метри под 10 секунди, 200 метри под 20 секунди и 400 метри под 44 секунди.[1]
Лични рекорди
уредиДисциплина | Резултат | Место | Датум |
---|---|---|---|
100 метри | 9.94 | Велење, Словенија | 20 јуни 2017 |
200 метри | 19.84 (ДР) | Кингстон, Јамајка | 10 јуни 2017 |
300 метри | 30.81 (СР) | Острава, Чешка | 28 јуни 2017 |
400 метри | 43.03 (СР) | Рио де Жанеиро, Бразил | 14 август 2016 |
Наводи
уреди- ↑ „South African sprinter's 'crazy' feat“. NewsComAu (англиски). Посетено на 2017-06-07.
Надворешни врски
уреди- Профил на IAAF.org
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Мајкл Џонсон |
Светски рекордер на 400 метри 14 август 2016 – сè уште |
На должноста |
Претходник Исак Маквала |
Африкански рекордер на 400 метри 26 август 2015 – сè уште |
На должноста |
Награди | ||
Претходник Ештон Итон |
Атлетичар на годината (според списанието Track & Field News) 2016 |
Наследник Непознато |
Олимписки игри | ||
Претходник Кастер Семења |
Знаменосец за ЈАР Рио де Жанеиро 2016 |
Наследник Непознато |