Велони
Велони (грчки: Βελόνη) — раселено село во Грција, општина Гребен, област Западна Македонија.
Велони Βελόνη | |
---|---|
Координати: 39°53′N 21°19′E / 39.883° СГШ; 21.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Горѓани |
Надм. вис. | 880 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа северозападно од Балтино и југоисточно од Турија, на надморска височина од 880 метри, во североисточните пазуви на планината Хасија.[1]
Историја
уредиИзгледа дека неговото население е од влашко потекло. Во пописот од 1913 година е забележано со 11 жители,[2] во 1920 година има 8, во 1928 година 47, а во 1940 година 33 жители. Бидејќи настрадало во времето на Втората светска војна и во граѓанската војна, во пописот од 1951 година се води како напуштена населба, додека во 1961 година е евидентирано со 15, а во 1971 година со само два житела. Во пописите од 1981 и 1991 година селото е без жители. Населението отсекогаш се занимавало со сточарство.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Христов Симовски 1998, стр. 110.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
Извори
уреди- Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.