Величко Смилчевски
Величко Ѓорѓиев Смилчевски ( 1922 во Кучково, Скопско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство, а работел и како рудар во Радуша. Во почетокот на септември 1944 година избегал од бугарската фашистичка војска и стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите во близината на Скопје како и во непосредните битки за ослободување на Велес и Скопје. По ослободувањето на Македонија и успешните акции за ликвидирање на балистичките банди, заминал на Сремскиот фронт. Таму учествувал во големиот пробив на германските позиции. На 16 април 1945 година, јуришајки на Врпоље, во тешките улични борби бил заробен. По ѕверското мачење од Германците и усташите, бил стрелан. Соборците го закопале во паркот во Врпоље, за чија слобода го дал својот млад живот.[1]