Велешки народноослободителен партизански одред „Пере Тошев“

Велешки народоослободителен партизански одред „Пере Тошев“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Партизански одред „Пере Тошев“
Активнамај 1942 - септември 1942
БиткиНОБ

Одредот е формиран во текот на втората половина на мај 1942 година, во планината Лисец, и првично бил составен од 60-70 души, поделени на две чети. Командир на одедот бил Мице Козароски. Реонот на дејствување на одредот бил: планината Лисец и областа Азот. На 11 јуни 1942 година, одредот е опколен од бугарскиот „Педесет и шестиот пешадиски велешки полк“, и од полицијата од Велес, но успева да излезе од опсадата. После овој настан, одредот дејствува во реонот на долината на реката Вардар, и се судира со бугарска војска во: Крајници, Крива Круша, Рудник и Војница. Во селото Војница во текот на декември 1942 година, одредот губи 8 члена, во битка со „Педесет и шестиот полк“.[1] Дел од борците успеваат да избегаат, а дел тргнува кон Куманово. Откако не успеваат да се вратат во Велешко, преживеаните борци се приклучуваат кон тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“. Заедно со борците од Прилепско, во септември 1942 година формираат нов одред, „Димитар Влахов“[2].

Учесници уреди

Наводи уреди

  1. „ЗБОРНИК ДОKУМЕНАТА И ПОДАТАКА O НАРОДНООСЛОБОДИЛАЧКОМ РАТУ ЈУГОСЛОВЕНСКИХ НАРОДА, ТОМ VII, КЊИГА 1, Београд, 1952, с. 110“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-08-19. Посетено на 2022-08-19.
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 257