Вацлав Шимановски
Вацлав Шимановски (Wacław Szymanowski ), роден е на 23 август 1859 во Варшава, починал на 22 јули 1930 во Варшава, беше полски вајар и сликар [1].
Најпознат е по неговата статуа на композиторот Фредерик Шопен, поставена во Варшавскиот парк.
Животопис
уредиВацлав Шимановски е роден во Варшава, Полска, син на Вацлав Шимановски, новинар и писател а таткото на Вацлав, бил познат полски физичар и политичар.
Од 1875 до 1879 година, студирал вајарство во класата на Ципран Годебски, а студирал и сликарство на Академијата за убави уметности во Париз.
Од 1880 до 1882 студирал и во Минхен.
Во 1889 година, ја добил наградата за сликарство на Светскиот саем во Париз. Од 1895 година се посветил на вајарството.
До 1905 година живеел во Париз.
Починал во Варшава на 70 години[2].
Творештво
уредиКако сликар, познат бил по бројните пејзажи на полските планини[3].
Во скулптурата остварил бројни дела но и нацрти за проекти, некои подоцна реализирани.
Бил познат по изработката на исклучителни надгробни споменици меѓу кои се вбројува надгробниот споменик на неговиот татко Вацлав[4].
Во 1984 година во Вроцлав бил подигнат споменикот на Јулиус Словацки врз основа на полуметарската скулптура на Шимановски, создадена во 1905 година.
Еден од најзначајните негови вајарски проекти бил „Походот на Вавел“, којшто требало да биде поставен во близината на вавелската болница. Споменикот се состои од 52 фигури на: полски кралеви и други истакнати личност од полската историја. Проектот, денес се наоѓа во Националниот музеј во Краков[5].
-
Биста на Теодор Аксентович (1881)
-
Разговор ( 1888)
-
Продавачки (1889)
-
„Ветер“ (1899)
-
Шопен - споменик (1926, 1958)
-
Мајчинство, создадено во 1903
-
Споменикот на Јулиуз Словички во Кременез
-
Гробот на Јерзмановски во Краков
-
Надгробниот споменик за неговиот татко во Варшава
-
Надгробниот споменик на Шимановски во Краков
Неговото вајарство е во духот и стилот на Југендстил и Симболизам [6].
Споменикот на Шопен
уредиСпоменикот на Шопен, Шимановски го создал во 1907 година.
Денес е поставен во паркот - Паркот Капалиште, во Варшава. Статуата првично било планирано да се постави 1910 година, на стогодишнината од раѓањето на Шопен. Нејзиното откривање било одложено поради контроверзноста во врска со нејзиниот дизајн. Избувнувањето на Првата светска војна била уште една причина за повторно одлагање на неговото поставување. Конечно, споменикот е подигнат во 1926 година[7].
Библиографија
уредиХанна Котковска – Бареја – „Вацлав Шимановски 1859 – 1930 ( сликарство и вајарство),Варшава, 1981[8].
Наводи
уреди- ↑ /Wacław Szymanowski (rzeźbiarz)
- ↑ Szymanowski (1859 Warszawa - 1930 Warszawa)
- ↑ AUTORA[мртва врска]
- ↑ rodziny Wacława Szymanowskiego[мртва врска]
- ↑ na Wawel
- ↑ Wacław Szymanowski[мртва врска]
- ↑ „Szymanowski, Polish sculptor -CHOPIN“. Архивирано од изворникот на 2019-04-20. Посетено на 2019-04-20.
- ↑ Kotkowska-Bareja