Васко Анастасов е еден од основоположниците на македонското новинарство. Во есента 1942 година го уредува илегалниот информативен Билтен и Радио весник за Тиквешкото подрачје. Во периодот од 1945 до 1955 година бил новинар на „Нова Македонија“ и на Радио Скопје. Дипломирал на Новинарско-дипломатскиот факултет во Белград. Бил постојан дописник на „Нова Македонија“ за Блискиот Исток во Истанбул (1953-1954). Од 1955 до 1983 година бил директор и главен уредник на неделникот „Трибина“.

Публицистички трудови

уреди
  • Нов живот“ (1951)
  • Патувања по турските полиња“ (1955)
  • По трагите на Насредин Оџа“ (1956)
  • Каде оди Кина“ (1981)