Василко Андоновски

Василко Стојанов Андоновски ( 1910 во Војник, Кумановско20 октомври 1944 во Треска, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Меѓутоа, бидејки немале земја, бил принуден да работи како општ работник. Од семејството на овој борец излегле повеќемина партизани. Со нетрпение очекувал да стапи во редовите на НОВ. Таа желба му се исполнила на 12 март 1944 година, кога стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во славните борби кај Табановце, Лојане, Пробиштип, на Велешкиот терен и на многу други места. Во сите борби се пројавувал како примерен борец. Загинал на 20 октомври 1944 година во крвавата борба против балистите и Германците на реката Треска. Посмртните останки на овој храбар борец, биле погребани во родното село Војник.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 170. На |first= му недостасува |last= (help)