Валетудо (месечина)
Валетудо (или Јупитер LXII, првично S/2016 J 2) — месечина на Јупитер.[4][5] Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа од податоците добиени со Магелан-Бадеов телескоп (6,5 м) во опсерваторијата „Лас Кампанас“ во 2016 г., но објавен дури на 17 јули 2018 г. во службениот распис на Центарот за мали планети, каде биле објавени уште девет новооткриени Јупитерови месечини.[1] Освен податоците од „Лас Кампанас“, во изворната се наведуваат и податоци добиени од телескопот „Џемини Север“ (8,1 м) („Мауна Кеја“), како и рефлекторскито телескоп на Меѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“ (4 м).
Слика на Валетудо од 28 февруари 2003 г. | |
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач | Скот Шепард и др. |
Откриено во | „Лас Кампанас“ |
Откриено | 9 март 2016 |
Ознаки | |
Наречена по | Валетудо |
S/2016 J 2 | |
Орбитални особености [2] | |
Епоха 17 декември 2020 (ЈД 2459200,5) | |
Лак на набљудување | 15,22 г. (5.558 дена) |
0,1257974 ае (18.819.020 км) | |
Занесеност | 0,2018315 |
+1,44 г. (+527,41 д) | |
201,41718° | |
0° 40м 57.274с дневно | |
Наклон | 32,03294° (кон еклиптиката) |
235,45916° | |
122,37546° | |
Месечина на | Јупитер |
Физички особености | |
Среден пречник | 1 км[3] |
24,0[3] | |
17,0 | |
Особености
уредиМесечината има пречник од околу 1 км и кружи околу Јупитер на растојание од 19 милиони километри. Има наклон од 34° и занесеност од 0,222.[3] Оди по напредна орбита која ја завршува за година и пол, но ги пресекува патеките на неколку други месечини кои имаат повратни орбити и претставуваат опасност за судири во иднина.[6]
Име
уредиВалетудо ја носела првичната ознака S/2016 J 2 сè додека не добила име во 2018 г. Името ѝ е дадено по Валетудо, римската божица на здравјето и чистотата и правнука на Јупитер.[6] Одобрено е од МАС на 3 октомври 2018 г.[7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „MPEC 2018-O09 : S/2016 J 2“. Minor Planet Center. International Astronomical Union. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ „M.P.C. 128893“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 јануари 2021. Посетено на 23 февруари 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Sheppard, Scott S. „Moons of Jupiter“. sites.google.com. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ Resnick, Brian. „The Jupiter Satellite and Moon Page“. Vox. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ Grush, Loren. „Astronomers have found a new crop of moons around Jupiter, and one of them is a weirdo“. The Verge. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ 6,0 6,1 Strickland, Ashley. „12 new moons discovered around Jupiter“. CNN International. CNN. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ USGS Astrogeology Science Center, Nomenclature News: Name Approved for Jovian Satellite: Valetudo