Термобарско оружје

(Пренасочено од Вакуум бомба)

Термобарското оружје се разликува од другите пообични оружја по тоа што го користи атмосферскиот кислород, наместо да носи оксидатор со себе. Повеќе имиња се карактеристични за ваков тип на оружје: HIT (англ. high-impulse thermobaric weapons), FAE или FAX (fuel-air explosives), топлински и притисочни оружја, како и вакуумски бомби. Начинот што го користат „создава“ многу поголема енергија за својата големина од било кое друго оружје од таков тип. Единствената лоша работа е што не е многу прецизно, односно не може прецизно да се контролира големината на нивниот ефект.

Експлозија на термобарска бомба на Американската морнарица (1972).

Терминологија уреди

Зборот термобарски е создаден од двата грчки збора: термос [θερμός] (топло, топлина) и барос [βάρος] (притисок, тежина). Со други зборови, термобарско оружје значи оружје што создава топлина и притисок.

Поимот „вакуумска бомба“ се користи заради ефектот на вакуум што се создава по експлозијата, односно наглото вшмукување на кислородот.

Механизам на функционирање уреди

Општо, термобарското оружје функционира така што прво создава голем облак од прав од експлозив или течен експлозивен материјал во воздухот, за потоа да го запали.

Оружјето содржи резервоар од експлозивна течност или цврст експлозив во форма на прав и два засебни детонатори (еден помал, којшто се користи за исфрлање на експлозивот, и еден поголем за запалување).

Оружјето се фрла од височина или се испукува, па на одредена висина првиот детонатор, или некој друг механизам на исфрлање, го отвора резервоарот по што се исфрла експлозивната материја. Настапува период на мешање на експлозивот со кислородот во воздухот, за вториот детонатор да се вклучи кога тие ќе бидат доволно измешани. Вториот детонатор го запалува експлозивот околу себе, одеднаш, што има катастрофални ефекти за сѐ што е на земјата, бидејќи го „вшмукува“ целиот кисород и создава огромен притисок.

Некои понови видови на вакви оружја користат еден детонатор и го исфрлуваат и запалуваат експлозивот во една фаза.

Ефекти уреди

Историја уреди

Нови американски термобарски оружја уреди

Гранатата „XM1060 40-mm“, користена во Авганистан, е првото оружје од мала категорија коешто било упоребувано од американските сили. На 30 април 2003 година, американските војници во Авганистан добиле пратка од нови XM1060 гранати.

Руската вакуумска бомба — најголема во светот уреди

 
Руската вакуумска бомба

На 12 септември 2007 година, Русија успешно ја испробала најголемата вакуумска бомба досега направена. Неколку згради (неменети за тоа) беа срамнети со земја со сила слична на атомската бомба. „Таткото на сите бомби“ е популарното име што руската армија ѝ го дала на оваа бомба, како одговор на американската MOAB (Massive Ordnance Air Blast), којашто популарно се нарекува „мајка на сите бомби“ (Mother of All Bombs - MOAB). Оваа американска бомба досега важеше за најсилната неатомска бомба во историјата.

Споредба меѓу MOAB и АВБПМ (рус. Авиационная вакуумная бомба повышенной мощности):

MOABАВБПМ
Вкупна маса8200 кг7100 кг
Сила на ТНТ11 метрички тони44 тони
Полупречник на разор150 м300 м

Температурата во епицентарот е двојно повисока кај АВБПМ од MOAB.

Надворешни врски уреди