Хамамелиди
Hamamelidaceae | |
---|---|
Цветови на Fothergilla major | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Saxifragales |
Семејство: | Hamamelidaceae |
Поткласата Hamamelidae е најмала од сите дикотиледонски поткласи. Во неа се вброени 11 реда, 24 фамилии и околу 34000 видови. Околу 90% од видовите се наоѓаат во два реда, Urticales и Fagales. Фосилните остатоци датираат од долна Креда (пред околу 100 милиони години). Одредени ботаничари веруваат дека оваа група на растенија е обележана со висок степен на изумирања, што е причина за мошне одвоените таксони во неа (реликти или пак полифилетско потекло - со елементи стекнати од неколку предци). Фамилиите кои се вклучени во оваа поткласа, според Кронквистовиот систем, се типично дрвенести (Urticales се исклучок) и се одликуваат со неколку структурни адаптации асоцирани со анемофилија (опрашување со ветер). Овие адаптации се:
- Еднополни (неперфектни) цветови, со еднодомни или дводомни видови.
- Перијантот е редуциран, слабо развиен или отсутен (апетален).
- Соцветија со бројни, мали (редуцирани), често апетални цветови.
Редот Trochodendrales е сместен во основата на Hamamelidae, а видот Casuarina (австралиски бор) ја зазема најнапредната позиција. Кај видовите од две монотипни фамилии од Trochodendrales отсуствуваат спроводни елементи и се стремат кон апокарпија, додека Casuarina покажува елементи на плод.